1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Петто олимписко злато за Клаудија Пекштајн

Таа беше дел од победничкиот германски тим во брзо лизгање . Олимписко сребро вчера освои германската машка репрезентација во нордиска комбинација.

Клаудија Пекштајн- Најуспешна Германка во зимските спортови

Клаудија Пекштајн- Најуспешна Германка во зимските спортови

Во екипното натпреварување во брзо лизгање , Германките предвосени од ѕвездите , Ани Фризингер и Клаудија Пекштајн , ги оставија зад себе остантите фаворити за олимпиското злато .

Во финалето беше победен канадскиот тим .За деветкратната светска првенка Ани Фризингер ова е второ олимписко злато по она освоено на минатата олимпијада во Солт лејк Сити . Клаудија Пекштајн пак по петти пат се радува на олимпиското залто . Таа и пред настапот на овие олимписки игри ја носеше неформалната титула , најдобар германски зимски спортист.

„Значи во моментов едноставно сум среќна и воопшто не можам да размислувам за ништо. Мислам дека бевме еден супер тим“

Покрај Пекштајн и Фризингер , злато освоија и Луцил Опиц , Забине Фелкер и Даниела Аншиц-Томс , која беше дел од тројката што се натпреваруваше во финалето.

Фаворизираниот машки тим на Германија во нордиска комбинација пак на вчерашното натпреварување не успеа да стигне до посакуваното злато на Олимписките игри во Торино. Рони Акерман , Бјерн Кирхајзен Јенс Гејзер и освојувачот на златото во поеденечното натпреварува Георг Хетих , беа први по скијачките скокови , но тимот на Австрија успеа да им го одземе златото по штафетното скијачко трчање на 4 пати по пет километри.

Многу поразочарувачки минаа вчера меѓутоа германските фудбалски тимови во првите натпревари од третата рунда во купот на УЕФА . Штудгарт загуби на домашен терен од англискиот Мидлсбро со 2:1 а Хамбург нагости од швајцарскиот Тун.