„Петро“ треба да ја спасува Венецуела од банкрот | Свет | DW | 04.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Петро“ треба да ја спасува Венецуела од банкрот

Во борбата против инфлацијата и демнечкиот државен банкрот, претседателот на Венецуела Николас Мадуро сака да обезбеди олеснување за домашната економија со нова дигитална валута.

Додека галопирачката инфлација ја обезвреднува домашната валута - боливарот, претседателот Мадуро им ветува надеж на изгладнетите граѓани. Во телевизиското шоу „Домингос Мадуро“ тој вчера најави воведување на криптовалута наречена „петро“ - ова е кратенка за зборот „нафта". Земјата има најголеми нафтени резерви во светот. Виртуелната валута треба да биде осигурана со резервите на нафта, минерали и дијаманти.

Мадуро рече дека сака да ја искористи виртуелната валута за да ѝ се спротивстави на „финансиската војна", која САД и нејзините сојузници ја распламтеа против социјалистичките власти во Венецуела. Имено, САД воведоа финансиски санкции против високи венецуелски владини претставници, вклучувајќи го и самиот претседател, откако тие го беа развластиле парламентот во кој доминираше од опозицијата.

Инфлација повисока 1000 проценти

Неколку меѓународни агенции за кредитен рејтинг веќе гледаат делумен банкрот на Венецуела. Причините се лошото економско работење на социјалистичката влада и, со години на назад, релативно ниската цена на нафтата. Поради хиперинфлацијата, бројот на гладните луѓе се зголемува, а покрај тоа недостасуваат девизи за да се обезбедат доволно храна и лекови.

„Петро" треба да ги ублажи проблемите. На овој начин би можеле да се исплатат деловните зделки со странство - националната валута боливар годинава бележи стапка на инфлација од над 1000 проценти, а минималната месечна плата поради тоа се опадна на само неколку евра. Дали планот на претседателот Мадуро ќе донесе плодови е целосно отворено.

DW.COM