1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

„Петок на гневот“ во Египет донесе нови жртви

Исламистите се мобилизираат, либералите и левите сили повикуваат на контрапротести, војската и полицијата имаат дозвола да пукаат - во Египет почнаа нови крвави судири.

Два дена по крвавото расчистување на двата протестни кампа на исламистите во Каиро, во кое загинаа повеќе од 600, а повредени се илјадници луѓе, Египет е соочен со нов бран насилство.

Состојбата во земјата е експлозивна. При протестите на исламистите во Каиро и други градови, денеска (16.08) загинале 33 лица, тврдат очевидци. Се тврди дека во судирите не биле вклучени само исламисти и припадници на безбедносните сили, туку и жители на Каиро кои ги напаѓале демонстрантите со камења и ножеви.

Приврзаниците на соборениот египетски претседател Мохамед Мурси за денеска повикаа на нови протести против преодната влада која соработува со армијата. Исламистите планираа вкупно 28 протестни маршеви кон центарот на Каиро на таканаречениот „Петок на гневот“, а на протести се собираат и противниците на Мурси. Армијата е на плоштадот Тахрир, на кој има и тенкови, а присуството на безбедносните сили е јасно видливо во целиот град.

Меркел и Оланд повикуваат на дијалог

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд во телефонски разговор изразија загриеност поради состојбата во

Египет и повикаа на дијалог. Насилството мора „веднаш“ да престане, побараа двајцата државници. Меркел и Оланд сметаат дека е итно неопходен заеднички став на ЕУ за Египет. Министрите за надворешни работи на Унијата наредната недела треба да разговараат на оваа тема.