1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Петмина Косовари уапсени за воени злосторства

Полицијата на ЕУЛЕКС во соработка со единицата за специјални операции на косовската полиција, врз основа на покренатото обвинение, уапси пет лица осомничени за воени злосторства. Владата во Приштина изрази загриженост.

Уапсени се Сами Луштаку, претседател на општината Скендерај, Јахир и Зеќир Демаку, Хисни Тачи и Сахит Јашари. Откако биле испрашани тие вчера (23.05.2013) се однесени во притвор во полициската станица „Центар“ во Приштина.

На барање на обвинител во случајот Маурицио Салустро, синоќа во Приштина пристигна и косовскиот амбасадор во Албанија, Сулејман Селими. Селими, петмината притворени и уште неколку други лица, денеска во 15 часот, ќе излезат пред судското тело.

Сите се товарат за воени злосторства против цивилното население во форма на насилство врз цивилите кои биле чувани во центар на ОВК во Ликовец, општина Скендерај. За Селими се води истрага и за убиство на еден цивил. По спроведената истрага покренато е обвинение пртив амбасадорот Селими, поранешен Командант на Генералштабот на ОВК, познат под псевдонимот „Султан“ и шеснаесет негови соборци, познати како „Групата од Дреница“.

По косовската војна Селими беше Командант на безбедносните сили на Косово. Минатата година, премиерот Хашим Тачи, го именува за амбасадор на Косово во Албанија.

Владата на Косово синоќа изрази загриженост поради апсењето на бившите припадници на ОВК.

„Владата на Косово верува во правичната борба на ОВК, нејзините борци и команданти, која придонесе Косово да добие слобода, независност и демократска држава во партнерство со меѓународната заедница, САД и НАТО“, се вели во соопштението.

Во него се истакнува и дека работи на изградба и го поддржува на владеење на законите, независната и непристрасна функција на правосудството и ЕУЛЕКС и очекува тој процес да се одвива на основите кои ги поддржува и штити и демократскиот свет.