1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Петер Хандке добитник на наградата „Хајне„

Градот Дизелдорф му ја додели наградата на пистаелот кој важи за контроверзен заради своите ставови кон Србија

Петер Хандке

Петер Хандке

Наградата за литература „Хајне„ во вредност од 50.000 евра е една од трите највредни во Германија. Комисијата соопшти дека Ханке, исто како Хајнрих Хајне, го следел патот кон отворената вистина. Наградата ќе му биде доделена на 13 декември.

Петер Хандке е најпознат по делото „Wings of Desire” според кое режисерот Вим Вендерс направи филм кој постигна добар успех.

Австрискиот писател важи за контроверзен по многу нешта,но најмногу по неговиот просрпски став за време на војните на балканските простори.

Францускиот национален театар Комеди Франс, неодамна ја симна од редовниот репертоар неговата новела „Патот во големата земја или уметноста на молбата„ откако Хандке одржа говор за време на погребната церемонија на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ.

Контроверзниот писател, кој живее во Франција во еден есеј објавен во францускиот весник „Либерацион„ пишува: Да престанеме да ги ставаме масакрите врз грбот на српската милиција и парамилициите вклучувајќи го и оној во Сребреница.

Минатата година неговиот издавач, Суркамп Верлаг изајави дека авторот категорично ќе ги одбие сите литературни награди, се разбира француските. Како што самиот изјави, наградата Хајне ќе ја прифати со задоволство.

Инаку меѓу досегашните добитници на оваа награда има повеќе познати имиња од светот на литературата. Валтер Јенс, Гинтер Кунерт, Макс Фриш, Волф Бирман, Ханс Магнус Енценсбергер, Елфриде Јелинек и Роберт Гернхарт