1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Петерсбуршкиот дијалог во сенка на конфликтот на Кавказот

Во Санкт Петерсбург започнува седмиот Петерсбуршки дијалог. Форумот кој го иницираа Герхард Шредер и Владимир Путин, треба да го унапреди дијалогот. Меѓутоа, поради Кавказот, годинава неговата форма е протоколарна.

default

Заладените германско-руски односи поради конфликтот на Кавказот, е причината поради која германската канцеларка, Ангела Меркел овојпат ќе престојува само во кратка протоколарна посета на Петерсбург. Таа ќе разговара со претседателот Дмитри Медведев.

Кога организаторите на Петербуршкиот дијалог на почетокот на јуни ги утврдија темите за овогодинешната средба, германско-руските односи беа пред нов почеток. Тогаш, на функцијата претседател, беше избран Дмитри Медведев, кој претходно изјави дека Русија излегла од студениот период. Освен тоа, на последниот самит ЕУ-Русија започнаа и преговори за нов договор за партнерство. И германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, тогаш изјави дека времето на студената војна е минато и дека од Русија веќе не пристигнуваат закани.

Deutschland CDU Unternehmertag Angela Merkel in Berlin

Ангела Меркел

Ситуацијата е променета

Сега, четири месеци подоцна, ситуацијата е поинаква. Руската позиција за време на вооружениот конфликт во Јужна Осетија, ги исплаши соседите, но и земјите од западот. ЕУ го замрзна договорот за партнерство со Русија. Затоа, Ангела Меркел ќе допатува само во блиц посета на Петерсбург. Конфликтот на Кавказот ги засени разговорите, забележува и Лотар де Мазиер, претседател на Управниот одбор на Петерсбуршкиот дијалог: „Не можеме, но и не сакаме да ја одминеме темата Грузија и Русија. Сакаме да нагласиме дека постојат повеќе можности за решавање на проблемот на еден цивилно-општествен начин. Уште од периодот на студената војна, знаеме дека работите стануваат поопасни доколку се молчи и не се разговара.“

Заинтересираност за партнерство

Дискусиите ќе се одвиват пред се околу тоа како

Russland Dmitri Medwedew Anerkennung von Abchasien und Südossetien Fernsehansprache

Дмитри Медведев

конфликтот би се одразил врз односите Русија-ЕУ, а посебно врз Германија, смета Дмитри Суслов од рускиот Совет за надворешна и безбедносна политика. Тоа не значи дека главната тема „Партнерство во времето на глобализација“ ќе загуби на значење: „Напротив, токму последните случувања, покажаа дека Русија и Европа се заинтересирани за партнерство. Русија е заинтересирана за тоа, бидејќи смета дека соработката со Европа и пред се‘ со Германија, може да ја заштити земјата од изолацијата, поради влошените односи со САД. ЕУ е заинтересирана, бидејќи дијалогот под такви тешки услови, отвора можност за етаблирање на сопствената политичка сила.“

Потребен е неполитички дијалог

До конфликтот во Кавказот, во Русија на ЕУ се гледаше како на продолжена рака на САД. По посредничките напори на германскиот министер за надворешни работи ,Франк Валтер Штајнмаер, а подоцна и на францускиот претседател, Никола Саркози, Москва сепак мора да согледа дека ЕУ е самостоен политички актер, кој во тешки политички времиња може да ги надмине внатрешните расправии.

Учесниците на дијалогот се единствени во ставот дека во сегашниот период на заладеност во контактите меѓу владите на Русија и Германија е неопходен цивилниот дијалог. Дмитри Суслов вели: „Цивилниот дијалог, меѓу претприемачите, научниците, новинарите, борците за човекови права, ќе овозможи двете страни да ги приближат своите позиции. Без ваквиот дијалог Русија во Европа ќе остане како земја која не се разбира и на неа и натаму ќе се гледа како закана.“

Со сличен став е и Александар Рар, член на германскиот Управен одбор за Петерсбуршкиот дијалог. Времињата во кои владите самите решаваа за надворешната политика, според него, се минато. Слично како на западот, така и во Русија, расте влијанието на елитите од повеќе цивилно-општествени области врз политиката на земјата. Тој објаснува зошто смета дека дијалогот треба да продолжи на цивилно ниво: „Поставувањето на германско-руските консултации во една поголема рамка, во еден цивилно-општествен дијалог ќе претставува вистинска лекција за односите на другите земји со Русија. Многу е важно, за овие проблеми да не расправаат само Медведев и Меркел, туку и претставниците на елитите и невладините организации од двете земји.“