1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Песимизам пред новата рунда преговори за името

Македонија ќе мора многу брзо да се отрезни од роденденската прослава на 17 годишнината од независноста. Земјата, на крајот од оваа недела, ја очекува нова значајна рунда преговори за спорот со Грција.

default

Никола Груевски не е оптимист

Во Њујорк се очекува посредникот на Обединетите Нации, Метју Нимиц да достави нов финален предлог пред годишното собрание на светската организација, која е медијатор во спорот. Во официјално Скопје преовладува песимизам. Премирот Никола Груевски отворено најавува дека Македонија до крајот на годината нема да добие датум за старт на преговорите за членство во Евроспката унија, исклучиво поради спорот со Грција.

Дали под закана на грчкото вето македонските власти ги спуштаат очекувањата во пресрет на есенскиот извештај на Европската комисија или се бара алиби за нерелазираните услови од осумте клучни критериуми? Македонската јавност различно ги толкува последните пораки од Брисел и песимистичките прогнози. Шефот на државата, Бранко Црвенковски оцени дека недобивањето на датум за преговори ќе претставува неуспех за Македонија.

Европската комисија го пофали напредокот во одредени сфери но побара суштински реформи што ќе овозможат оценката во ноемврискиот извештај да биде позитивна. Македонскиот премиер тврди дека грчкото вето за во ЕУ ќе биде поинаку спакувано.

Македонија е земја кандидат за членство во Европската унија од декември 2005. Годинава доби олеснет визен режим за одредени категории граѓани, а од почетокот на идната се надева на целосно укинување на визите. Во април годинава, Грција стави вето за приемот на земјата во НАТО и покрај тоа што критериумите се целосно исполнети.

DW.COM