1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пентагон не дозволува различни „вистини“ за убиството на Бин Ладен

Американското министерство за одбрана се закани дека ќе го тужи војникот кој напиша книга за убиството на првиот човек на Ал Каеда, Осама Бин Ладен

Претставници на американското министерство за одбрана го предупредија поранешниот командос кој учествувал во операцијата против Осама Бин Ладен дека ќе биде тужен доколку, како што најави, ја објави книгата со своите лични спомени за ликвидацијата. Од Пентагон предупредиле дека војникот пред да пристапи кон елитните единици на армијата потпишал два договори со кои се обврзува на молк за тајните операции.

Книгата под наслов „Нема лесен ден“ објавена под псевдоним треба да излезе во продажба следната недела. Според најавите, верзијата за убиството на Бин Ладен во книгата се разликува од онаа што беше јавно соопштена.

Поранешниот командос, кој ги напуштил специјалните единици, книгата ќе ја објави на 11 септември на 11-годишнината од нападите врз САД од страна на Ал Каеда.

Авторот чие име се чува во тајност поради неговата безбедност, е претставен под псевдонимот Марк Овен во коавторство со Кевин Морар.