1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Пензионерите во Германија се борат за да преживеат

Милиони Германци не го чувствуваат економскиот успех на нивната земја. Напротив. Како резултат на постојаните кратења работниците работат за ниски надници, а пензионерите едвај преживуваат

На прв поглед малите џуџиња и саксиите со цвекиња, во градината на Кристел Павески, оддаваат впечаток на удобен живот на германски пензионер. Скриени таму некаде зад саксиите со цвеќе, посадени се редови со компир, пиперки и зелка, на кои поранешната медицинска сестра им посветува посебна грижа. Но оваа градина не е нејзино хоби, туку нејзин начин да преживее.

Павески вели дека со нејзината мала пензија таа едноставно не може да си дозволи да ги купува овие продукти на пазар. Нејзините и маките на милиони други Германци кои живеат под линијата на сиромаштијата, влегоа во центарот на политичката кампања за изборите на 22 септември откако таа со солзи во очите се соочи со германската канцеларка на националната телевизија, прашувајќи ја дали го има заборавено зголемениот број на пензионери и работниците кои работат за минимална плата кои за жал не ги чувствуваат придобивките од германскиот економски успех.

„Не сакав да плачам пред неа“ изјави Павески за Асошијетед прес, седејќи пред малата дрвена колиба каде ги поминала последните четири зими во Берлин, пред да успее да најде стан кој може да си го дозволи. „Но тогаш се сетив дека морав да облечам три пара чорапи и џемпери за да можам да спијам, затоа што

Deutschland Wahlkampf 2013 Angela Merkel in Rendsburg

Ангела Меркел

немав греење“.

Павески која порано има работено во болница и старечки дом се пензионирала пред 6 години, и едвај преживува со својата пензија од 723 евра од која одвојува 310 евра за кирија и електрична енергија.

Погрешна слика

Нејзината приказна на разведена мајка со едно дете, која се потпира на храна од јавни кујни и зеленчук од својата градина, а сепак понекогаш е гладна за да може да купи облека, воопшто не се совпаѓа со очекувањата кои Германците ги имаат, дека ќе можат да си дозволат прилично удобен пензионерски живот после декади поминати работејќи. Секако, воопшто не се поклопува и со сликата за богати Германци кои живеат во оаза на просперитет, додека Европа страда од економски превирања.

Соседите кои страдаа од огромна невработеност и јавни долгови и завидуваат на германската економија, германскиот извот цвета, куферите со данок се полни, а невработеноста е само 6.8%. Берлин од друга страна, ги охрабрува Италија, Шпанија и Грција да ги следат серијата економски реформи кои германската влада ги почна пред една декада, и кои ја намалија цената на трудот и ја зголемија германската конкурентност. Сепак многу економисти тврдат дека реформите кои ги започна централно-лево политички ориентираниот претходник на Меркел ја намалија реалната плата и турнаа милиони опасно блиску до границата на сиромаштијата. Германија, е исто така и една од ретките земји во Европа која нема загарантирана минимална плата, што создава дополнител притисок врз оние кои заработуваат најмалку. Според Федералната канцеларија за статистика, откако Меркел ја превзеде власта во 2004, бројот на луѓе кои се сиромашни или блиску до границата на сиромаштијата пораснал од околу 400,000 на 12 милиони.

На работ на егзистенцијата

Во Германија речиси секој кој заработува помалку од 60% од средниот месечен придонес, или 869 евра по одданочување се наоѓа во загрозена група која е на работ на сиромаштијата. Јохен Бруел кој раководи со националната асоцијација за народни кујни кои делат храна која се готви дома вели дека постои драматичен пораст на бројот на луѓе на кои им е потребна ваквата помош. Тој додава дека бројот на ваквите случаи се удвоени од 2007 и сега има околу 1,5 милиони луѓе на кои ваквата помош им е неопходна. Претседателот на берлинскиот Институт за вработување вели дека според нивните проценки околу три до пет милиони луѓе живеат во „скриена“ сиромаштија, и поради нивната гордост одбиваат да побараат бенефицци од државата кои инаку би им следувале заради нивните премали приходи. Тој додава дека падот на невработеноста од 12% на 6.8% е „дефинитивен успех“, но голем број на Германци денес реално заработуваат помалку околку пред една декада.

Ваквиот тренд се должи делумно на инфлацијата, растот на цената на храната, струјата и киријата, кои ги преполовија платите, што пак им остава се помалку пари на работниците на крајот на месецот.

Според Министерството за труд, секој десетти Германец со постојан работен однос сега мора да најде и втора или и трета работа за да може да го преживее месецот, што е само уште еден показател дека платите не го одржаа чекорот со трошоците.

Ваквите работи обично се така наречените „мини работи“ кои им овозможуваат на германците да заработат до 450 евра без одданочување. Критичарите тврдат дека овие „мини работи“ кои обично доаѓаат со помалку бенефицци и помала сигурност веќе почнаа да ги заменуваат постојаните вработувања во некои сектори како што се угостителството и мало продажбата.

Минимална плата

Се поголем број на пензионери ги работат мини-работите за да врзат крај со крај. Во меѓувреме, старците кои буричкаат во кантите за да најдат парче стакло кое подоцна го заменуваат за неколку центи станаа честа глетка во Германија.

Deutschland Bundestagwahl 2013 Peer Steinbrück im Bundestag

Кандидатот на СПД, Пер Штајнбрик ветува минимална плата

Бруел вели дека доколку социјалната стигма која се врзува за јавните кујни не постоеше тие ќе беа многу по посетувани. Тој додава:„на почетокот само бездомниците ги користеа кујните, но одеднаш многу луѓе сватија дека не постои начин како да го надокнадат недостатокот, не постојат многу работи на кои луѓето можат да заштедат“.

Главниот предизвикувач на Меркел, од Социјал-демократската партија Пер Штајнбрик ја сфати важноста на проблемот и вети дека доколку биде избран ќе воведе минимална плата од 8,50 евра што би требало да им помогне на околу седум милиони работници.

Штајнбрик исто така вети дека ќе го зголеми данокот за најбогатите 5% од населението, што наиде на топол прием кај гласачите како што е Павески.

„Милионерите нека ги затегнат ремените еднаш за промена“, вели Павески. Таа во 2005 кога последен пат гласала ја подржала канцеларката Меркел.

Меркел изјави дека не ја заборавила Павески и нејзиниот случај, можеби најмногу затоа што според анкетите нејзиниот и рејтингот на нејзините противници се речиси изедначени.