1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пендреци повторно „заиграа“ во Иран

Четириесетина лица се уапсени во Техеран, на обележувањето на четириесетдневниот помен од смртта на Неда Ага-Солтан. Нови пресметки меѓу приврзаниците на опозицијата и безбедносните сили.

default

Неда Ага-Солтан имаше 27 години кога на 20 јуни беше застрелана за време на протестите што ги организираше иранската опозиција, во знак на незадоволство од резултатите на претседателските избори. Сликите од нејзината смрт, снимени со мобилен телефон, го обиколија светот. Младата жена стана симбол на протестите против владата на Махмуд Ахмадинеџад, кои не престануваат.

Според изјави на сведоци, на вчерашниот (30.072009) четириесетдневен помен од нејзината смрт на гробиштата се собрале повеќе стотици лица, додека околу илјада останале пред влезот. Меѓу другите, на комеморацијата требаше да присуствува и поразениот претседателски кандидат Мир Хосеин Мусави, но очевидци пренесуваат дека безбедносните сили насилно го втуркале во неговиот автомобил.

Власта продолжува да ја зголемува тензијата во иранското општество

Мусави и другиот поразен кандидат, Мехди Каруби, сакаа вчера да организираат јавна комеморација за жртвите во протестите пред најголемата џамија во Техеран. Сепак, и покрај најавите дека на неа нема да се одржуваат никакви политички говори, иранското министерство за внатрешни работи издаде забрана за нејзино одржување. Затоа двајцата политичари најавија дека ќе

Iran Demonstration Teheran 30.07.2009 Mahdi Karroubi

Полицијата го спречи Мусави да стигне до гробот на Неда

им се придружат на семејствата на Неда и на неколку други жртви на поменот на гробиштата во јужен Техеран.

Вчерашниот настап на полицијата покажа дека власта и натаму не се откажува од насилство при задушувањето на протестното движење во земјата и со тоа повторно ја зголемува тензијата во иранското општество, иако во изминатите денови беа ослободени голем број уапсени демонстранти, а ајатолахот Хамнеи наложи затворање на затворот Каризак. Затоа, лидерот на опозицијата Мусави ја опиша вчерашната комеморација како тест за иранската влада.

Вчерашната акција на полицијата беше осудена и од САД. „Посебно вознемирува тоа што безбедносните сили употребиле сила за да прекинат помен на гробишта“, рече Јан Кели, портпарол на американското министерство за надворешни работи во Вашингтон. Тој додаде дека САД се на страната на иранскиот народ, кој го користи универзалното право на слобода на искажување на мислењето.

Автор: Улрих Пик / Трајче Тосев

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: