1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Пелопонез гори!

Се зголемува бројот на жртвите во пожарите во Грција. Последната бројка е четириесет и еден загинат. Новите жрви се пронајдени утринава во западниот дел на полуостровот Пелопонез.

default

Огнот голта се пред себе



Оваа област е најпогодена од до сега најстрашните пожари во земјата. Властите стравуваат дека бројот на жртви може уште да расте. На неколку места на Пелопонез е прогласена вонредна состојба. Повеќе градчиња се целосно евакуирани. Грција побара итна помош од ЕУ. Франција уште денеска ќе испрати неколку канадери.

„Ова е страшно. До сега не сум видел нешто вакво во животот. Само откриваме нови изгорени лешеви. Пронајдовме една мајка со четири деца“, изјави за локална телевизија претседателот на грчкото здружение на новинари, Панос Сомболос, кој известувал од местото Макистос. Меѓу жртвите има и неколку пожарникари.

„Слика на апокалипса“, пишуваат речиси сите денешни весници во Грција.

Грчкиот премиер Костас Караманлис синоќа беше да го посети најпогодениот град Захаро на Пелопонез. Вети итна финансиска помош.

„Овие моменти се тешки за сите нас. Ова е време на одговорност. Стотици пожарникари, војници и доброволци ги ризикуваат своите животи во борбата со огнот. Ние сме тука да ги поддржиме. Имаме целосна доверба во нив“, рече Караманлис.

Освен на Пелопонез, пожари има и во други делови на Грција. Најмногу на југот на земјата. Според податоците на пожарникарите гори на 170 места.