1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Пеколен живот во европската „Ел Дорадо“

За нив тоа беше ветената земја: 10 илјади работници од Виетнам, Монголија и Украина дојдоа во последните години во Чешка и беа пречекани со раширени раце. Со доаѓањето на кризата, гастaрбајтерите станаа проблем.

default

Сапа – еден од најголемите виетнамски пазари во Европа. Пространа површина на југот од Прага, со продавници за храна и облека, дрангулии што светкаат и пискави шарени играчки, туристички агенции и ресторани и мал храм. Тука една група постари дами се грижи за сонародниците во неволја, како што е на пример 27-годишниот Туонг: „Повеќето од нас сме земјодлеци. Дојдовме тука, бидејќи се надевавме дека ќе имаме подобра иднина за нас и нашите семејства. Затоа земавме кредит од банка за пат и документи. Единствено што посакувам е да заработам нешто пари за да можам да почнам од почеток во Виетнам“.

Билет за назад и 500 евра в џеб

Туонг доаѓа од мало виетнамско село. Луѓето како него, до пред една година, беа добредојдени во Чешка. Незапирливиот пораст донесе илјадници работници како евтина работна сила. Од тоа произлезе вистинска џунгла од агенции, кои обезбедуваа визи за странство и станаа богати благодарение на надежите на работниците мигранти. Туонг за своето патување во непознато платил околу 10 000 долари. Ветувањето гласело: работа во Чешка за три години. Но, тогаш дојде кризата и гастарбајтерите

Vietnamesen in Tschechien

Гастарбајтерите мора први да си одат

беа првите кои мораа да си одат. Според гледиштата на чешката влада, луѓето како Туонг се непосакувани проблематични случаи.

„Од наш интерес е овие луѓе сега да се вратат во својата татковина и подоцна повторно да може да дојдат во Чешка, тогаш кога ќе дозволи економската ситуација. Им нудиме помош за доброволно да можат да се вратат во татковината. Ако тоа не го прифатат, ќе ги принудиме“, вели Иван Лангер, кој до мај беше министер за внатрешни работи во чешката влада. Што мисли тој со зборот „помош“? Тоа значи - авионска карта за назад плус 500 евра за секој кој ќе се врати по своја волја. Пет илјади странци треба да си одат од Чешка, добри 1600 веќе ја напуштија земјата. Туонг, кој мора да се крие од чешките власти, во тоа не гледа перспектива: „Кога би се вратил, би било уште полошо. Нашата куќа во Виетнам е под хипотека и банката би ја земала веднаш ако се вратам без пари. Едноставно не знам како натаму“.

Несигурен живот во правен вакуум

Наводното „Ел Дорадо“ наречено Чешка, за Туонг се претвори во пекол. Скоро секој ден медиумите известуваат за рации на полицијата. Странците без виза се приведуваат. Во декември, една Виетнамка се обеси во Прага, бидејќи не беше продолжена нејзината дозвола за престој. Во јануари, Виетнамец беше претепан до смрт во

Vietnamesen in Tschechien

„Виетнамски пазар“ во Чешка

една рација на полицијата. Тоа е живот во правен вакуум. Познавачите на состојбите, како на пример Франтишек Бублан – експерт за внатрешна политика од чешките социјалдемократи, велат дека се работи за трговија со луѓе: „Агенциите не профитираат само од парите на гастарбајтерите, туку и од работодавачите, како на пример Шкода или други чешки фирми. Странците работат една година во една фабрика, и потоа агенцијата повторно некаде ги продава“.

Притоа, најверојатно профитираат не само агенциите, туку и властите. Чешката амбасада во Ханој, како што пишува истражувачкиот неделник „Респект“, во Виетнам ја опишуваат како „Куќа на ужасот“. Туонг ќе мора сам да се соочи со последиците, како и останатите десетици илјади гастарбајтери во Чешка.


Автор: Христина Јансен / Ана Алибегова

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска