1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пекинг го оправдува високиот воен буџет

Утре во Кина почнува годинешната седница на Народниот конгрес. Главна тема пред неговиот почеток не е односот со странските новинари, туку воениот буџет на земјата.

Кинеското раководство се труди да го оправда порастот на воените издатоци. Пред почетокот на седницата на Народниот конгрес, портпаролката Фу Јинг пред новинарите изјави дека Кина следи мировна одбранбена политика, која не претставува никаква закана за другите држави. Но, портпаролката ја прекина праксата да го соопшти зголемувањето на воениот буџет уште пред почетокот на сендицата. Наместо тоа, Фу Јинг упати на предлог-буџетот, кој веќе им е доставен на околу 3 илјади делегати пред дводнеделната седница.

Во минатите години трошоците за одбраната најчесто бележеа силен натпросечен рас. За 2012 година беше предвидено зголемување од 11,2 проценти. Сега висината на воениот буџет и воената политика предизвикува уште поголемо внимание со оглед на тензиите на Кина со своите соседи околу островите и природните богатства во морето.

На заседанието на Народниот конгрес, што ќе трае до 17, март, се очекува подмладување на владата по извршените генерални смени во кинеското раководство лани во ноември. Наследник на премиерот Вен Џиабао, кој заминува од функцијата, ќе биде 57-годишниот Ли Кекианг. Новиот партиски и воен шеф, 59-годишниот Кси Џинпинг, ќе ја преземе должноста од неговиот претходник, 69-годишниот Ху Џинтао.

Во петокот Министерството за надворешни работи на Берлин го повика кинескиот амбасадор во Берлин за да протестира поради нападот врз телевизискиот тим на АРД, првата програма на германската телевизија, извршен во Кина. Автомобилот на германската новинарка Кристине Аделхард и нејзините колеги, кои снимале прилог за урбанизацијата во место на околу 50 километри од Пекинг, бил принуден да застане од неколку кинески автомибили. По запирањето, неколку луѓе со палки удирале по шофершајбната на автомобилот, а телевизиската екипа останала неповредена.