1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Пекинг бара од Обама да ја откаже средбата со Далај Лама

Американскиот претседател, Барак Обама, денеска ќе се сретне со тибетскиот духовен водач Далај лама. Кина испрати порака дека тоа „сериозно ќе ги наруши односите со САД.

Официјален Пекинг го повика американскиот претседател Обама да ја откаже средбата со тибетанскиот духовен лидер Далај Лама.

„Остро се противиме на состанокот. Состанокот на лидерот на САД со Далај Лама е грубо непочитување на внатрешните прашања на Кина, сериозна повреда на правилата на меѓународните односи и тоа сериозно ќе ги наруши односите меѓу Кина и САД“, се наведува во соопштението на портпаролката на кинеското министерство за надворешни работи.

Во четвртокот (20.02.2014) официјално беше потврдена средбата меѓу Обама и Далај Лама во Белата куќа, а иако ставот на американската администрација е дека не ја признава тибетската независност, изразена е загриженост за повреда на човековите права во Кина. Од друга страна, Кина го смета Далај Лама за сепаратист, додека духовниот водач на Тибет вели дека се залага за поголема автономија, но не и независност.

Обама и Далај Лама последен пат се сретнаа во 2011. година, што и тогаш предизвика лутина кај кинеските власти. Иако Обама своите гости вообичаено ги пречекува во Овалната соба, овој пат средбата ќе се одржи во таканаречената Соба со мапи во обид да се спуштат тензиите. Белата куќа во официјалното соопштение за настанот истиот го најавува како средба на претседателот со „меѓународно почитуван верски и културен лидер“.