1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Лицата на Германија

Пекарот Рајнхард Брауер од Ерцен

Никаде на светот нема толку многу различни видови леб како во Германија. Германците го сакаат нивниот леб. Рајнхард Брауер го пече, во неговата пекарница во Ерцен, едно мало село во покраината Долна Саксонија.

default

Два часот ноќе е. Иако е многу рано, Рајнхард Брауер не делува уморно, туку напротив - со вешти движења 60-годишниот пекар-мајстор меша брашно и квасец во една голема машина за месење.

Уигран тим непосредно по полноќ

Gesichter Deutschlands ReBr9

Рајнхард Брауер, слаткар–мајстор и пекар со душа и тело

Непосредно по полноќ пекарот Брауер почнува да работи меѓу машината за месење и печката. Тој го подготвува тестото, па затоа мора да биде прв во пекарницата. Половина час подоцна стигнува еден помошник. Уште половина час подоцна стигнува и човекот кој го става тестото да се пече во печката.

Брауер и неговите соработници пет часа печат земички, леб и колачи. Тие се уигран тим, а тоа е многу важно: до 5.30ч од печката треба да се извадат околу 500 различни видови печива.

Рајнхард Брауер е пекар преку 30 години. Пекарницата ја преземал од својот татко. Работниот ден од 15 часа за Брауер не е реткост. Кога околу 18 часот конечно ќе стигне дома, чита весник и се релаксира заедно со сопругата Ренате: тогаш со задоволство слушаат Rock n' Roll, а најрадо Елвис Присли.

Последен одмор - свадбеното патување

Gesichter Deutschlands ReBr3

Традицијата се исплаќа

Седум филијали припаѓаат на фирмата на Рајнхард Брауер. Тој со нив раководи заедно со сопругата. „Ренате се грижи за вработување продавачки во филијалите, за логистиката, за целокупното книговодство и за самите филијали“, објаснува тој.

Конкуренцијата од индустриското произведување печива не го плаши занаетчијата: „Јас произведувам други производи и на тој начин сум пофлексибилен“. Брауер смета на неговата близина со клиентите: „Јас имам можност преку моите дами од продажбата сосема поинаку да им се приближам на потрошувачите од кој и да е индустриски производител чии продукти стојат на полиците“, раскажува самоуверено Брауер.

Gesichter Deutschlands ReBr8

Веќе 30 години на негова страна – сопругата Ренате Брауер

Успехот на пекарот има и своја цена: на Рајнхард и Ренате Брауер не им останува многу време за приватниот живот. Последен пат кога отишле на вистински одмор било свадбеното патување - преку Балканот до Турција.

Тоа било во 1975 година. Но, на Брауер ништо не му недостига и полн е со идеи. Тоа што заедничкиот син не сака да ја преземе семејната фирма и се одлучил за друга професија, го прифаќа релаксирано: „Секој треба да го прави тоа што го прави среќен“, вели Рајнхард Брауер без лутина.

Во секој случај, печењето печива го усреќува Брауер. Тој и неговата сопруга немаат намера да престанат со работа уште долго време.

Автор: Сонила Санд / Виолета Вај

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

WWW-линкови