1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ПДП излегува од Парламентот, ДУИ најави ваков чекор

Партијата за демократски просперитет излегува од македоснкиот парламент. Демократската Унија за интерграција ги разгледува сите опции за излегување од парламентот.

Парламентот во Скопје

Парламентот во Скопје

Партијата за демократски просперитет излегува од македонскиот парламент. Тројца пратеници од оваа партија повеќе нема да присуствуваат на собраниските седници од незадоволството поради непочитување на Бадинтеровиот принцип, нефункционирањето на комитетот за односи меѓу заедниците, но и насилството во инситуциите. Претседателството на партијата вчера заседаваше четири часа и донесувајќи ја оваа одлука изрази загриженост за состојбата во Македонија, која според ПДП се враќа во времето од 2001-ва година. Продолжува да функционира и нивната коалиција со Демократската Унија за интеграција. Инаку и ДУИ завчера најави напуштање на работата на Парламентот поради слични причини.