1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Пајо Паторот полни 75 години

Се роди на денешен ден пред 75 години, како споредна фигура, но кратко време потоа стана популарен. Преку неговите авантури допре до срцата на милиони. Среќен роденден, Пајо Патор!

default

Пајо Паторот

Тој е несмасен, честопати гневен и мрзлив - и сепак е меѓународна ѕвезда. Пајо е најомилениот патор на светот. Милиони луѓе се смеат на неговите згоди и незгоди, изблици на лутина. Паторот од продуцентската куќа на Волт Дизни ја игра главната улога во многу цртани филмови и книги за деца, а доби и сопствена ѕвезда на улицата на славните во Холивуд, и освои Оскар.

Comic: Donald Duck, Bild 2

Денеска Пајо Паторот го слави 75-тиот роденден - на 9 јуни 1934 година беше емитуван првиот цртан филм во САД, во кој како фигура се појави славниот патор со морнарска јакна. Во серијата „Паметното мало пиле“ Пајо Паторот имаше споредна улога, но со неа го започна незапирливиот победнички поход ширум светот. Наскоро му го одзеде и водечкото место на вечниот конкурент Мики Маус, а од 1936 година Пајо Паторот доби сопствена цртана серија.

За светскиот успех се одговорни авторот Волт Дизни, потоа Клеренс Неш, кој со години му го позајмуваше на Пајо Паторот својот смешен пискав глас, и легендарниот

Comic: Donald Duck, 5. Bild

американски цртач Кларк Баркс. Со многу љубов и фантазија, тој ги создаде нередот во царството Патковград, тројцата внуци Рајо, Влајо и Гајо, богатиот но скржав стрико Бајо, но и противничката банда и славниот црвен автомобил со регистарски таблички со несреќниот број 313.

Micky Maus Magazin Ausschnitt weh

„Најрадо го цртав Пајо Паторот“, откри еднаш славниот цртач Баркс. „Секој човек подлежи на различни расположенија. И јас понекогаш сум еуфоричен, понекогаш повеќе депресивен. Тој беше дел од мене и така и се однесуваше, како што јас правам“, велеше Баркс.

Кулминацијата на својата слава Пајо Паторот ја достигна за време на Втората светска војна. Денес, во време на интернет и компјутерски игри, се намалува интересот за Пајо Паторот и покрај сите негови лудории. Но, голем број специјални изданија по повод јубилејниот 75 роденден ќе се обидат да му ја вратат старата слава, за да остане вечен и идните генерациии да се смеат на згодите и незгодите во Патковград.

Автор: АТ/ЗЈ/дпа

Редактор: Жана Ацеска