1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Паѓа цената на трудот во Германија

Во Европа владеат големи разлики околу цената на работната сила. Од просечните 32,59 во Данска, до 6 евра за работен час во Полска. Каде се наоѓа Германија?

default

Германските производи според квалитетот несомнено спаѓаат во светскиот врв. Тоа меѓутоа не може да се каже и за овдешните плати. Според податоците од студијата на институтот за макроекономија и развојот на конјуктурата, која инаку е блиска на германскиот сојуз на синдикати, Германија, со просечни 26,70 евра се наоѓа на средината во Европа. Зад земји како Данса, Шведска или Луксембург. Еден од авторите на студијата, Густав Хорн, раководител за наука на институтот вели:

" Тука се покажува дека Германија во последните десет години, од тогашното 4 место, падна на сегашното девето место. Тоа значи дека во споредба со другите земји, цената на работната сила во Германија се намалила“

Хорн проценува дека во Европа просечниот раст на платите во текот на минатата година изнесувал околу три проценти, за разлика од Германија каде тој изнесува само еден процент. Воочлива е разликата и кај поедините бранши во земјата.

Најслабо платени услужните дејности

Tака на пример во машиноградбата просечната плата изнесува речиси 31 евро за работен час, што е во самиот европски врв. Во услужните дејности тој изнесува само 24 евра, што е доволно дури за десетото место.Таквите разлики Хорн ги објаснува со повеќегодишната мала побарувачка во земјата:

" Побарувачката на домашниот пазар се базира пред се на услужните дејности, додека индуструијата е исклучиво ориентирана кон извоз. Затоа платите во секторот услуги растат многу бавно“

Овој економски експерт нагласува дека помалите плати значат и помала побарувачка на домашниот пазар, што конечно е негативно за целата економија. Парите кои ги нема не можат ни да се потрошат. Заради тоа тој се залага за зголемување на цената на трудот и платите.

Меѓутоа Густав Хорн за тоа не гледа многу шанси. Според проценките на неговиот институт и оваа година платите ќе растат побавно од производството, што ќе резултира со натамошно заостанување на Германија во споредба со останатите земји во Европа. Наскоро Германија би можела да стане земја со ниски плати и евтина работна сила.