1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Паѓа кредитниот рејтинг на Словенија

Обидите на словенечката влада да ја извлече земјата од тешката финансиска криза доживеаја нов удар откако рејтинг агенцијата Фич го намали кредитниот рејтинг на земјата.

Меѓународната рејтинг агенција „Фич“ соопшти дека го намалува долгорочниот кредитен рејтинг на Словенија во национална и странска валута за еден поен од „А-“ на „БББ+“. Според оценка на „Фич“ економските перспективи пред земјата се нагласено негативни заради слабите буџетски показатели и вкупниот финансиски пад. Аналитичарите на агенцијата подвлекуваат дека од април 2012 година „макроекономската ситуација“ во Словенија „значително се влошила“. „Фич“ прогнозира зголемување на буџетскиот дефицит до пет проценти на крајот на тековната година. Според Љубљана овој показател ќе биде 2,8 проценти. „Фич“ дополнува дека долгот на Словенија во текот на 2012-2013 веројатно ќе нарасне до 72 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на земјата заради рекапитализирање на словенскиот банкарски сектор. Локалните власти прогнозираа дека задолжувањето на земјата ќе достигне 63 отсто од БДП-то.