1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

„Пациентот книга има добро здравје“

На отворањето на Франкфуртскиот саем на книгата присутни беа претседателот на Аргентина, Кристина Фернандес де Кирхнер, чија земја е почесен гостин и германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле.

default

Кристина Фернандез де Кирхнер и Гидо Вестервеле во Франкфурт

„Уметноста и културата се нуклеус на духовниот развој на општеството. Без нив тоа нема да биде креативно, образованието ќе биде технократско, а економијата неинвентивна. Културата и уметноста не ја отсликуваат само актуелната состојба во општеството , туку тие го поттикнуваат неговиот развој. Тоа посебно важи за книгата. Во книгата ги наоѓаме разновидноста и повеќеслојноста на нашето општеството“, порача на свеченото отворање на годинешниот Франкфуртски саем на книгата , шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле.

Во фокусот на саемот се новите технологии, кои бараат нови содржини. Дали апаратите за читање на електронски книги, апликациите, интернет платформите ги потиснуваат или ги менуваат печатените книги? Дебатите за тоа треба да го одбележат годинешното издание на Франкфуртскиот саем. Во нив, со јасен став синоќа се вклучи и министерот Вестервеле:

„Мене ми изгледа дека многу често означуваниот пациент ’книга’ , се радува на најдобро здравје.“

Франкфуртскиот саем денеска (06.10.2010) ги отвора вратите за стручната публика, а за време на викендот и за пошироката јавност.

Автор: СН/ЕМФ/дв

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска