1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Пахор подготвен да помогне во спорот за името

Словенечкиот претседател Борут Пахор е подготвен да помогне во решавање на спорот со именто меѓу Макеоднија и Грција, доколку тоа биде побарано од него. Пахор повтори дека Македонија треба да покаже инцијатива.

Претседателот на Словенија Борут Пахор денеска, во рамките на посетата на Македонија, изнесе лична оцена дека статус-кво во спорот околу името претставува назадување на Македонија кон евроинтеграциите и се понуди, доколку биде побарано од него, да помогне во надминување на ваквата состојба.

„Состојбата статус-кво околу името, како и за други проблеми, ова е моја лична оцена, претставува назадување на патот на Македонија кон Европската унија. Тоа не само што не е добро за Македонија, туку не е добро за целиот регион. Затоа е потребна добра политичка волја од сите страни, од ЕУ, од Македонија и од нејзиниот сосед, бидејќи ова не е корисно за никого“, рече Пахор во Скопје, каде го промовираше Евробаскетот 2013, чиј организатор е Словенија.

„Во тоа насока за време на моите средби во Скопје кажав доколку Иванов или неговите соработници, ако оценат дека јас како претседател на Словенија, како претседател на држава членка на ЕУ, можам да помогнам на дискретен или поинаков начин, да воспоставам некаков дијалог или иницијатива, подготвен сум во секоја миг“, дополни Пахор.

Според словенечкиот претседател Македонија не само што заслужува да биде дел од ЕУ, туку смета дека во некој разумен рок од наредното проширувањето на ЕУ мора да стане членка на Унијата.

„Дали е правично или не, такво едно морално прашање не би поставувал, но Македонија мора да покрене една веродостојна иницијатива за заживување на дијалогот меѓу Скопје и Атина, за и Атина да би можела да одговори на одредена иницијатива која Македонија би ја покренала“, смета Пахор.

Нагласувајќи дека тука е како голем и искрен пријател на Македонија, Пахор рече дека реалната политика е таква што Македонија, колку и да е во некаква неправедна положба, мора да најде некој гест со кој ќе ја увери меѓународната заедница дека е подготвена за решавање на спорот.