1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Пахор на средба со Груевски за името

Словенија не го сменила позитивниот став за влез на Македонија во НАТО и ЕУ увери премиерот Борут Пахор по средбата со шефот на македонската влада Никола Груевски. Тие разаговарале и за спорот со името со Грција.

default

Премиерот Борут Пахор

Република Македонија и Република Словенија се пријателски држави, имаат одлични политички и економски билатерални односи и меѓу нив нема отворени прашања. Ова е заедничката констатација на македонскиот премиер Никола Груевски и на словенечкиот премиер Борут Пахор, по денешната (17.01.10) работна средба во Скопје во рамки на посетата на делегацијата на Владата на Република Словенија, во која е и министерот за надворешни работи Самуел Жбогар.

Gruevski Statement.jpg

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Груевски изјави дека неговиот словенечки колега покажал интерес за прашањето за името, што претставува блокада за Македонија за полноправно членство во НАТО и за добивање датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ. „Го запознав со повеќе детали за да може во иднина на некој начин да помогне во тој правец, доколку за тоа се укаже можност. Република Македонија сака да најде решение за овој проблем, тоа е наш интерес и како и досега ќе правиме максимални напори да дојдеме до решение кое ќе го деблокира процесот на евро-атлантските интеграции на Македонија“, рече Груевски на заедничката прес - конференцијата по завршувањето на средбата. Во тој процес, потенцира тој, подготвени сме да прифатиме сечија помош, иако сме свесни, како што рече, дека клучот на решението е волјата на двете страни.

Премиерот Пахор нагласи дека Словенија ја смета Македонија за пријателска и сојузничка држава. „Една од причините за моето доаѓање е да се отстранат сомнежите во македонската јавност дека Словенија на каков и да е начин го има сменето позитивниот став за потребата од вклучување на Македонија во евро-атлантските интеграции“, рече Пахор, додавајќи оти вклучувањето на Македонија во Алијансата и во ЕУ не е само во нејзин интерес, туку и во интерес на регионот, но и на НАТО и на ЕУ.

Груевски и Пахор потсетија дека Словенија се наоѓа на 9-то место по инвестициите во Македонија и изразија уверување дека во иднина ќе се зголеми стоковата размена која во моментот изнесува 133 милиони евра.

Автор: АТ/миа