1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Паул Бидерман со двојна круна

Германските пливачи имаа успешен настап на Европското првенство во кратки базени во Истамбул со сјајна завршница. Предводени од Паул Бидерман тие на последниот ден од шампионатот освоија три злата, сребро и бронза.

default

Паул Бидерман

Паул Бидерман ја заокружи успешната спортска година со второ европско злато. Три дена по триумфот на 400 метри слободен стил, тој го освои златото и на двојно помалата дистанца со време од 1 минута 39 секунди и 81 стотинка.

Бидерман и покрај стравувањата со тоа успеја да ги совлада двајцата главни конкуренти Русите, Данил Исотов и Николај Лобинцев, кои го освоија сребрениот и бронзениот медал:

„ Веќе помислив дека денес ќе ме победи еден од Русите, но работите сепак се свртеа на добро“

Според Бидерман , пресудна за победата била тактиката со која ги испливал тие 200 метри:

„ Тактиката беше сосема исправна. Во последните 50 метри забележав дека повеќе не можам да пливам како вообичаено. Многу сум заморен и затоа се радувам што работата е завршена. Сега пред се’ се радувам на слободното време што ќе го имам“, изјави двојниот европски првак Паул Бидерман.

Flash Wochenrückblick Bildergalerie für 31.07.2009 Biedermann holt mit Weltrekord Gold

Бидерман освои и двојно злато на Светското првнество во Рим

Две изненадувачки злата за Рухнау и Дитрих

За разлика од очекуваната победа на Бидерман на вчерашниот последен ден од европскиот шампионат во 25-метарски базен , изенанадувачки триумфираа двајца други германски пливачи. Каролине Рухнау победи на женската трка од сто метри градно со време од 1 минута, четири секунди и 84 стотинки, а најдобар на машката трка од 50 метри пеперутка беше Јоханес Дитрих со време од 22 секунди и 7 стотинки.

Пласман на победничкиот подиум обезбедија и Џени Менсинг која освои сребро на трката од 200 метри грбно како и Доротеа Бранд која беше трета на 50 метри слободен стил со нов германски рекорд од 23 секунди и 74 стотинки.

Автор: СН/ БГ/дв/дпа

Редактор: Александра Трајковска