1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Пауза за размислување

Лидерите на деморализираната Европска Унија на првиот ден од Самитот во Брисел се договорија да го продолжат рокот за ратификација на новиот Устав на Унијата кој западна во проблеми откако беше отфрлен на референдуми од страна на граѓаните на Франција и на Холандија.

ЕУ лидерите дочекани во Брисел со демонстрации против Уставот

ЕУ лидерите дочекани во Брисел со демонстрации против Уставот

Претседавачот со Европската Унија , премиерот на Луксембруг Жан Клод Јункер по првиот ден од Самитот објави дека 25-те европски лидери се согласиле , да го продолжат рокот за усвојување на важниот документ (чија иднина е неизвесна ) до средината на 2007-ма година .

„ Досегашниот краен рок кој истешкуваше на 1 ноември 2006-та повеќе не е одржлив “- изјави Јункер на пресконференцијата по првиот ден од Самитот. На земјите кои планираат да одржат референдуми за Уставот им е потребно повеќе време да ја убедат својата јавност “- истакна Јункер .

Меѓу нив е и Велика Британија , чии граѓани никогаш не гаеле премнозгу проевропски чуства:

„ Доколку се согласиме , треба да има пауза , што ќе значи дека Уставот нема да биде узвојуван во ниту една од земјите кои досега не го ратификуваше Уставот.“ –истакна во Брисел , шефот на британската дипломатија Џек Строу.

Данска во меѓувреме најави дека ќе го откаже референдумот кој требаше да се одржи во септември и тој ќе биде закажан дополнително. Премиерот Андерс Фог Расмусен објаснува:

„ Ние би сакале да го продолжиме процесот . Подготвивме се за референдумот , но секако не можеме да го ставиме на гласање Уставот во Данска , доколку нема документ за кој да се гласа.“

Својот референдум за европскиот Устав планиран за наесен ќе го откаже и Ирска .

Чешка и Шведска истотака истакнаа дека ратификацијата на Уставот ќе биде одложена се додека неговата иднина не стане појасна. Досега 10 земји членки на ЕУ го ратификуваа Уставот , но процесот западна во проблеми откако на референдумите во Франција и во Холандија , тој беше отфрлен со големо мнозинство.

Инаку и по првиот ден од Самитот лидерите на 25-те земји члени на Унијата не направија никаков напредок кон постигнувањето компромис за идното финансирање на Унијата . Оваа тема ќе доминира на денешната маратонска сесија на Самитот.

Инаку Велика Британија , која секоја година од буџетот на ЕУ добива назад рабат во вреднос од близу 5 милијарди евра а сака така да остане и во иднина , на што се спротиставуваат останатите партнери во Унијата , не го прифати ниту најновиот предлог на луксембуршкото претседателство за надминување на спорот:

Предлозите на претседателството не се прифатливи за нас и тоа е една од причините поради која ќе биде тешко . Доколку сакате да видите реформа во буџетот на ЕУ , мора да видите и реформа во субвенциите за земјоделство“ – истакна министерот за надворешни работи на Велика Британија Џек Строу .

Инаку Франција е земја која најмногу профитира од европската политика за буџетски субвенции за земјоделството.

Германскиот канцелар Герхард Шредер кој вчера од Берлин се упатиу во Брисел со умерен оптимизам дека е можен компромис околу буџетот , по поминатиот ден во седиштето на ЕУ звучеше далеку по песимистично:

„ Јасно е дека може да се постигне нешто , ако сите се придвижат и бидат подготвени за отстапки. Отворено е прашањето дали тоа ќе успее. Јас се надевам , меѓутоа постои голема скепса“