1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Пауел првпат со сомневање во постоењето оружје за масовно уништување во Ирак



Прва изјава во насока на признание - режимот на Садам Хусеин во Ирак е можно веќе да не поседувал оружје за масовно уништување пред војната, вели американскиот министер за надворешни работи, Колин Пауел. На пат кон Тбилиси, каде денеска присуствува на инаугурацијата на новиот грузиски претседател, Сакашвили, шефот на Стејт Департментот, изјави: "Отворено прашање е колку оружје поседувале- доколку имале воопшто, и ако имале каде е тоа оружје. Ако немале, зошто тогаш тоа претходно не беше познато?" Министерот за надворешни работи го брани својот настап пред Советот за безбедност на ОН пред една година, во кој говореше за опасноста што за светот ја претставува режимот на Садам. "Тоа што го говорев пред една година се засноваше врз најдоброто што во тој момент го знаевме. Тоа се согласуваше со проценките на други тајни служби и на други влади", вели Пауел.

Прашан дали се вистинити неговите изјави пред Советот за безбедност, или сомневањата што шефот на инспекторите на ОН, Дејвид Кеј ги изнесе повлекувајќи се од функцијата раководител на инспекторските тимови, дека Ирак воопшто поседува оружје за масовно уништување, Пауел одговори "Сеуште не знам".

Во меѓувреме, на домашен терен, каде во тек се предизборите за кандидат на демократите на претстојните претседателсики избори во САД, дискусијата околу постоењето оружје за масовно уништување во Ирак, станува опасно жешка тема. Говорејќи во сојузната држава Северна Каролина, Џон Едвардс, еден од оние што претендираат да бидат демократски кандидат за претседател, изјави дека побарал основање независна комисија која треба да утврди дали владата на Буш го довела во заблуда конгресот по прашањето на оружјето за масовно уништување во Ирак, пред војната.