1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Пауел во озлогласениот затвор во Багдад

Скандалот околу измачување ирачки затвореници од страна на американската армија се шири

Рамсфелд во затворот Абу Граиб

Рамсфелд во затворот Абу Граиб

Пентагон соопшти дека се подигнати уште две обвиненија против американски војници за учество во малтретирањето. Министерот за одбрана Доналд Рамсфелд при ненајавената посета на Ирак вчера уште еднаш вети дека сите кои биле вмешани во скандалот ќе бидат изведени пред лицето на правдата. Рамсфелд го посети и озлогласениот затвор Абу Гореиб, во кој се случија измачувањата:

“Му рековме на претседателот дека размислуваме да дојдеме овде за да ви погледнеме вам в очи и да ви кажеме колку сме горди на тоа што вие овде го правите. И тој ми рече да ви ја пренесам неговата почит за вас, да ви кажам дека знае дека вие овде вршите многу благородна работа, дека високо ја цени и ми рече да ви ги пренесам неговите лични поздрави“ - изјави министерот за одбрана Доналд Рамсфелд пред американските војници што го чуваат затворот Абу Гореиб во Багдад. Ново раководство на затворот му ветило дека такви и слични измачувања на затоврениците нема повеќе да се случуваат, нагласи Рамсфелд на средбата со неколкуте стотини војници и додаде:

“Изминативе денови вниманието беше свртено кон неколкумина кои ги изневерија нашите вредности и го нарушија угледот на нашата земја. Исто како и вие и како и најголемиот дел од Американците и јас бев згрозен од сликите. Одговорните за тоа ќе бидат изведени пред лицето на правдата“ - порача Рамсфелд во озлогласениот затвор во Багдад.

Американскиот министер за одбрана уште на патот за Ирак, меѓутоа, се обиде да ги брани спорните методи на сослушување, кои вклучуваат лишување на затоврениците од сон и по 72 часа или пак приморување да минуваат долго време во непријатни положби. Овие мерки се во склад со меѓународните правни норми, порача Рамсфелд.

Неговиот заменик Пол Волфовиц, меѓутоа, во сослушувањето пред Комисијата за одбрамбени прашања на американскиот Сенат призна дека применуваните мерки на сослушување се во спротивност со Женевските конвенции. Тој нагласи и дека нема официјално пропишани вакви методи и дека не знае кој ги одобрил. Според изјавите на двајца американски сенатори спорните методи на сослушување ги одобрил командантот на американските сили за Ирак, генерал Рикардо Санчез.