1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Пат позиција во Украина

Нема извесен крај на битката за власт во Украина. Опозицијата се надеваше дека претседателот Јанукович ќе ја загуби контролата врз парламентот, но сега единствената надеж им е ЕУ

Виктор Јанукович се одржува на власт, отфрлајќи ги опозициските барања за предвремени избори. Судските процедури против стотици демонстранти продолжуваат, и тие се соочуваат со долги затворски казни. Законот за амнестија ќе стапи во сила само доколку демонстрантите ги ослободат владините згради кои ги окупираа. Тие тоа го одбиваат.

Опозицијата бараше безусловна амнестија за сите. Кон ова барање се приклучија дури и некои пратеници на владејачката партија на Јанукович. Оттука гласањето за амнестијата беше литмус тест за поддршката за претседателот во парламентот. Но, сите оние кои се надеваа дека заканите за санкции кои ги упати шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмајер, ќе ја ограничат моќта на Јанукович. Ниту еден од законите кои опозицијата бараше да бидат донесени, воопшто не стигнаа ниту на дневниот ред на парламентарната седница. Неформалните разговори за предлозите ќе ја немаа поддршката на мнозинството. Планот на опозицијата да бара враќање на старата верзија на Уставот од 2004. година која предвидуваше помали права за претседателот на државата, исто така не успеаја. Ни тоа барање не наиде на доволен одзив кај дел од несигурните пратеници на партијата на Јанукович. Заканата на претседателот дека ќе го распушти парламентот доколку

Viktor Janukowitsch Ukraine Präsident

Виктор Јанукович

пратениците не застанат безусловно зад него, се чини, исто така имаше голем ефект.

Тешко до нова влада

Неможноста на ниту една од страните да обезбеди стабилно мнозинство во парламентот, значи неможност да се формира и нова влада по оставката на премиерот Микола Азаров.

„Кабинетот на Азаров, кој поднесе оставка минатата недела, најверојатно ќе остане на функцијата дури и по претседателските избори во 2015. година“, смета независниот пратеник Серхеј Мишченко. Според него, ризиците за потенцијалниот наследник се преголеми, земјата е на работ на банкрот, а политичката состојба е крајно нестабилна.

Москва ѝ вети финансиска помош на Украина во декември, но го одложи планот сѐ додека не се формира стабилна влада. И ЕУ сигнализираше дека е подготвена да даде финансиска поддршка, но нејзиниот услов е да се формира нова влада во која ќе влезат и претставници на опозицијата.

Повеќе од ЕУ

Украина може да ги искористи парите од ЕУ, вели пратеникот на владејачката Партија на регионите, Владислав Лукјанов. „Мораме да ја намалиме нашата

Ukraine Parlament 04.02.2014 Klitschko

Витали Кличко

финансиска зависност од Русија, но потребна е конкретна понуда од ЕУ“, вели за ДВ Лукјанов. Лукјанов, и дел од пратениците од неговата партија се подготвени за разговори со опозицијата, а тој смета дека компромис за заедничка влада е можен.

Од друга страна, опозицијата инсистира ЕУ да преземе и улога на медијатор во спорот. „Само преку медијација од ЕУ може да има гаранција за компромис меѓу владата и опозицијата“, вели лидерот на партијата Удар, Витали Кличко. Слично размислува и лидерот на другата помала опозициска партија Татковина, Володимир Полочанинов.

„Доколку не најдеме решение со помош на европските партнери во следните неколку недели, состојбата драматично ќе се влоши, политички и економски“, вели Полочанинов.