1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Патување во Србија само со лични карти?

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ престојува во посета на Македонија. Се очекува тој на својата македонска колешка Јанкуловска да и предложи преминување на меѓусебната граница само со лични карти.

default

Српскиот вицепремиер Ивица Дачиќ

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ е во посета македонското МВР.

На средбата меѓу македонскиот министер за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и српскиот колега Дачиќ ќе биде потпишан билатералниот договор за локален граничен сообраќај.

Дачиќ ќе го посети и Куманово

Gordana Jankulovska, Innenministerin Mazedonien

Македонската министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска

Вицепремиерот на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ на денешната официјална посета на Македонија, ќе и предложи на министерката Гордана Јанкулоска, македонските и српските граѓани да не патуваат со пасоши, туку само со лична карта.

Исто така, предвидено е српскиот министер да го посети и МАРРИ Регионалниот центар во Скопје.

На негова желба Дачиќ денеска треба да го посети и Куманово

Автор: СН/БГ/бета/макфакс

Редактор: Симе Недевски