1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Патувањето во Србија без пасош на повидок

Министрите за внатрешни работи на Македонија и Србија, Гордана Јанкуловска и Ивица Дачиќ во Скопје позитивно се изјаснија за можноста граѓаните на двете земји без пасоши да ја минуваат меѓусебната граница.

default

Српскиот министер за внатрешни работи престојува во Скопје

Граѓаните на Македонија и Србија во иднина ќе може да ја преминуваат границата со лична карта. Иницијативата денеска (18.00.2010) ја разгледаа министрите за внатрешни работи на двете земји Гордана Јанкулоска и Ивица Даќич на средбата во Скопје.

Иницијативата е релна и можна, оцени министерката Јанкулоска која рече дека Македонија поддржува вакви иницијативи кои придонесуваат за побрз проток на стоки и луѓе со сите земји.

Според министерот Дачиќ иницијативата ќе ја поздрават граѓаните од двете држави. Тој очекува брзо потпишување на договор за реализација на иницијативата.

Граѓаните од пограничните места први ќе ја почуствуваат поволноста

Србија, истакна тој, се залага граѓаните од поранешна СФРЈ или од Западен Балкан пред да влезат во ЕУ да може да ги поминуваат границите послободно. Податоците покажуваат дека годинава 3,5 милиони српски граѓани ја преминале заедничката граница.

Mazedonien Ausweis

Гордана Јанкуловска

Инаку, оваа можност за преминување на границата со лична карта со денеска потпишаниот договор меѓу двете Министерства ја имаат граѓаните од пограничните места во длабочина од 30 километри на територијата на двете држави. Договорот се однесува на ГП Голеш- Црцорово.

Наскоро без пасоши и во други соседни земји?

За воведување ваков посебен режим со другите земји, министерката Јанкулоска рече дека Македонија ги поддржува ваквите иницијативи кои водат кон побрз проток на стоки и луѓе и оти треба да има услови за негово воспоставување.

Дачиќ, потенцира дека Србија ваков режим на поминување на границата има со БиХ и Црна Гора, а во однос на негово воспоставување со Косово и Албанија рече дека Косово го сметаат за дел од својата територија, а за Албанија најави дека се работи на меѓусебно укинување на визите.

Автор:СН/БГ/миа

Редактор: Симе Недевски

Поврзана содржина