1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Патрас - главен град на културата во Европа во 2006-та.

Грчкиот пристанишен град ќе се презентира со 17 милиони евра скапа културна програма , потоа со еден, за југоисточна Европа , единствен карневал и еден од најубавите предели во Грција .

default

Двајца градежни работници сечат камени плочи, кебел виси на ѕидовите. Старата фабричка хала е градилиште. Тешко е да се претстави дека само по неколку денови тука треба да бидат закачени скици и објекти од научните студии на Леонардо да Винчи – за почетокот на годината во која Патрас ќе биде главен град на културата во Европа.

По изложбата за Да Винчи следуваат во текот на целата година уште шест тематски циклуси со кои третиот по големина град во Грција сака да си направи име во Европа . 150 манифестации меѓу другото од поезијата , музиката , религијата , и уметноста и нормално во Грција не смеат да недостасуваат и античките драми.

Алексис Алацас , уметничкиот директор на Фестивалот со долгогодишно професионално искуство во Германија ветува повеќе од класични претстави во анфитеатрите. Ариадна, Едип или Агамемнон , странските и грчките режисери треба да ги претстават така што ќе соодветствуваат на денешницата:

„ Не смее ниту една традиција , да биде набљудувана како света крава. Човек во традицијата , мора да се одмери и докаже дали денес има и може да каже нешто околу интересите , стравовите и идеите на луѓето во Европа денес“

Грците го нарекуваат Патрас своја „Порта кон Западот“ . Од овој пристанишен град некогаш илјадници Грција емигрирале во Европа и Америка . Денес во Патрас, пристигнуваат гигантските фериброди со автомобили од Италија . Но минати се времињата кога пристаништето на градот му гарантираше стопански подем. Со стапка на невработеност од 17 проценти , северозападниот дел од полуостровот Пелопонез стои значително над државниот просек.

По должината на скалите кои водат до венецијанската цитадела на Патрас дотрајуваат куќите од времето на индустрискиот процут на градот. 200-те илјади жители на Патрас живеат главно од превозот на странци - впрочем Патрас се наоѓа во близина на античките градови Делфи и Олимпија а во предградијата нуди километарски долги камени плажи .

Дека оваа година културата ќе биде главна атракција во Патрас , освен од еден билборд поставен пред гратското пристаниште , досега не може да се примети по ништо друго. Анкетите покажаа дека само секој петти човек во Грција , слушнал дека Патрас е главен град на културата во Европа за 2006-та година . Исто и меѓу Патриноите како што себеси се нарекуваат жителите на Патрас , сеуште се нема проширено воодушевувањето:

„Секако дека ме интересира , но мислам дека се нема да биде како што треба. Ова е сепак Грција , и секој знае како одат работите .

„Верувам дека ќе биде возбудлива работа како за нашиот град така и за Еврома Не сум толку сигурен дека доволно сме подготвени . Но ние Грците сме ласт-минит луѓе“

Патрас е познат и по традиционалниот уличен карневал кој се одржува секоја година во вефруари – едно наследство од Венецијанците. Оваа година поворката треба да биде особено голема и разнолика Гости од Бразил треба да ги распламтат улиците со танц .

Една друга локална културна традиција , сатиричниот театар на сенки „Караѓоз“ меѓутоа не најде место во програмата на манифестацијата – главен град на културата во Европа .

Костас макрис е мајстор на театарот на сенки . Веќе со години овој уметник патува низ Грција и Европа и на платно растегнато меѓу две дрвени штици ја прикажува „Караѓоз“ , , шегувајќи се притоа на сметка на власта .

Макрис кој е огорчен од игнорантноста на одговорните за културата во градот , гледа меѓутоа во годинешната манифестација , шанса за Патрас , долгорочно да излезе од својата провинцијалност:

„Мојата визија е дека определени приредби ќе бидат и натаму изведувани во градот и по годината како главен град на културата во Европа . Најверојатно во форма на мали фестивали. Освен тоа може Патрас да стане европски центар на театарот на сенки“

Од многумина критикуван , финансиран со недоволни 17 милиони евра и со задоцнети подготовки – но сепак кога еднаш ќе биде даден знак за почеток на манифестацијата главен град на културата во 2006-та тогаш сметаат организаторите , ќе биде како што беше пред две години со Олимписките игри во Атина : Сите ќе бидат воодушевени . Оние кои ќе сакаат наредниот летен одмор да го минат на Пелопонез , ќе можат да израдуваат на неколку ударни моменти:

„Ростроповиќ ќе дојде . Тој е легенда на класичната музика . И на лето ќе има и рок енд рол ѕвезди , но имињата не можам да ви ги кажам . Тоа треба да остане тајна . Ние се радуваме , што тие се согласија да дојдат во Патрас“ – вели културниот директор на манифестацијата Патрас-главен град на културата во Европа за 2006-та , Алекс Алацис.