1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Патот за Јакоб Зума е слободен

Јужноафриканскиот претседател Табо Мбеки најави оставка. Неговата партија, АНЦ побара тој предвреме да го заврши мандатот. Патот за конкурентот Зума е слободен, коментира Уте Шефер.

default

Мбеки заминува од власта

Мбеки изгуби. По растргнувачката борба за власт во владеачката партија, Африканскиот национален конгрес, тој најави оставка. Тоа е консеквенца на губењето доверба кај својата сопствена партија. Интелектуалецот, кој забораваше своите мудри идеи да им ги пренесува на гласачите, како и на партиските другари, 14 години по крајот на апртхејдот веќе нема поткрепа.

Главните проблеми на државата останаа нерешени

Мбеки настапи во 1999 година како послушен партиски војник на Африканскиот национален конгрес. Но, за разлика од својот харизматичен претходник, тој делуваше повеќе како некој управник во претседателската палата. Тој преминуваше преку итните проблеми на нацијата како постојаното ширење на сидата, растечката сиромаштија и насилство, крајно и насилството против странците минатово лето. Земјата одамна го загуби имиџот, социјалната клима ја карактеризира омраза кон странците, Јужна Африка е една од земјите со највисока стапка на насилство и криминал.

Gewalt in Südafrika Kapstadt

Во земјата владее криминал и насилство

Тоа има влијание и надвор од државата. Проблемите, кои Јужна Африка не ги решава политички, можат да имаат негативни последици врз целиот регион. Јужна Африка е пример и модел, економски мотор и интегративна сила за целиот континент. Тоа стана јасно преку преговарачкиот успех во Зимбабве. Новиот јужноафрикански претседател го чекаат големи политички задачи.

Зума - целосна спротивност на Мбеки

Преку оставката на Мбеки сега патот за Јакоб Зума, претседателот на Африканскиот национален конгрес, е слободен. Тој е целосна спротивност на бирократот Мбеки, динамичен, потекнува од сиромашна средина, која зборува едноставен и разбирлив јазик. Зума е близок до народот и е омилен кај мнозинството. Ако се гледа трезвено, малку нешто зборува за него: важи за поткуплив, неодамна против него беше воден процес за корупција, како и за силување. Но, тоа не му наштети. Зума за мнозинството Јужноафрикансци е соодветен одговор на многу нерешени проблеми во државата: јазот меѓу сиромашните и богатите, неправилната распределба на земјата, економскиот застој, маргинализирањето на цели групи од народот. За растечкиот број незадоволни и сиромашни, со нивниот бес против политичката елита, која ужива во раскош, Зума е решение.

Südafrika Jacob Zuma vor Gericht

Јакоб Зума ужива поддршка кај народот

Ако тој во април биде избран за претседател, и Европа мора да се прилагоди на новиот соговорник. Зума ќе биде претпазлив и нема да ризикува во поглед на надворешно-економските интереси.

Германија е еден од најголемите трговски партнери на Јужна Африка. И таа ќе мора да се приспособи на политичките и персонални промени во Јужна Африка.