1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Патот до правдата ќе биде долг

Хашкиот суд за правда ја прифати македонската тужба против Грција. Експерти проценуваат дека целиот процес ќе трае најмалку три, а може и повеќе години.

default

Меѓународниот суд на правдата во Хаг

Хашкиот суд за правда ја прифати македонската тужба против Грција. Само три дена по образложението за поднесената апликација, судиите решија да отворат постапка со која треба да се утврди дали со грчкото вето против Македонија во НАТО е прекршена времената спогодба од 1995 година. Но, патот до правдата во спорот ќе биде долг. Најпрвин Македонија до јуни ќе мора да презентира докази и аргументи зошто ја обвинува Грција. Потоа во наредните шест месеци до 20 јануари догодина, Грција ќе одговори на поднесената тужба против неа. Дури потоа хашкиот суд ќе ги повика двете страни на дирекно соочување.

Mathew Nimitz, UN Mediator in dem Namentstreit zwischen Mazedonien und Griechenland

Преговарачот Нимиц закажа нова средба во февруари

Истовремено продолжуваат и преговорите

Македонија одбра тим од меѓународни експерти и адвокати кои треба да докажат дека Грција не смее да го блокира членството на Македонија во НАТО и во Европската унија. Ако хашките судии одговорат позитивно, тогаш Советот за безбедност на Обедените Нации со резолуција треба да ја обврзе Грција на почитување на времената спогодба. Експерти во Скопје велат дека целиот процес ќе трае најмалку три, но и повеќе години.

Властите во Атина ја обвинија Македонија дека со овој потег, ги опструира билатералните преговори кои се водат со посредништво на Метју Нимиц. Владата на Груевски пак тврди дека Македонија не излегува од директните преговори за спорот со името. Дипломатот Нимиц, за 11 февруари закажа нова рунда на македонско-грчки преговори во Њујорк, на која ќе присуствува новиот преставник од Скопје, амбасадорот Зоран Јолевски.

Аудио и видео прилози на оваа тема