1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Патнички авион се урна во Пакистан

Во близина на пакистанскиот главен град Исламабад, утрово се урна патнички авион со повеќе од 150 патници и членови на екипажот. Се’ уште нема детали околу бројот на можните жртви.

default

Во Пакистан утринава се урна авион со 152 патници и членови на екипажот. Несреќата се случила во планинскиот регион во близина на главниот град Исламабад. Во авионот на пакистанскиот авиопревозник „Ер Блу“ имало 146 патници и шестмина членови на екипажот. Спасувачките екипи кои веднаш се упатија на местото на несреќата од урнатините досега извлекле пет човечки тела. Досега нема информации за преживеани ниту за причините за уривањето на авионот на втората по големина авиокомпанија во Пакистан.

Според информации на официјалното лице за цивилен и воздушен сообраќај, Первез Џорџ, авионот летал на релација Карачи - Исламабад. При слетувањето во тешки временски околности изгубил контакт со контролата на летање и се урнал.

Автор: СН/дв

Редактор Александдра Трајковска