1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Патнички авион се урна во Либан

Патнички авион од Етиопија, со 90 патници и членови на екипажот, се урна во морето непосредно по полетувањето од Бејрут. Несреќата се случила четири минути по полетувањето на 3,5 километри пред либанскиот брег.

default

Од морските води се веќе извлечени седуммина преживеани патници, јавуваат локалните медиуми, но детали се` уште нема. Портпарол на либанската армија соопшти дека се извлечени и четири тела на загинати. Во Авионот на „Етиопијан Ерлајнс“ се наоѓале 83 патници и седуммина членови на екипажот, а тој бил на пат од Бејрут кон Адис Абеба. Според либанскиот министер за транспортво авионот имало 54 Либанци и 22 Етиопјани. Но, имало и патници од Ирак, Сирија, Велика Британија и Франција. Француската амбасада во Бејрут потврди дека во авионот била и сопругата на амбасадорот, Дениз Пјетон. Портпарол на аеродромот во Бејрут изјави дека авионот бил погоден од гром. Полицијата исклучува можност за терористички напад. Очевидци велат дека прво имало гласен звук, а потоа виделе како запалениот авион се урива во морето. Во Либан веќе два дена владеат поројни врнежи од дожд и невреме, кои предизвикаа и поплави во одделни делови на земјата. Поради слични временски неприлики, пред еден месец потона еден товарен брод пред либанскиот брег.

Автор: ЕМФ/ТТ/дпа/афп/апн

Редактор: Жана Ацеска