1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Патен за апликацијата на Македонија за ЕУ: ”Не е мудро да се зборува за датуми”

Европското знаме

Европското знаме

За рокови не би било мудро да се говори, изјави вчеравечер европскиот комесар за надворешна политика, Крис Патен, во врска со подготовката на мислењето на Европската комисија околу напредокот на Македонија во реформите, што е услов за добивање статус кандидат за членство во ЕУ. Времето што ќе биде потребно за усвојување на мислењето зависи од институционалната способност на македонската влада да пружи одговори на прашањата што мораме да ги поставиме во рамки на бројните и сложени прашалници, објасни Патен. Тој додаде дека земјите вклучени во тој процес е поважно да ја завршат важната опиплива работа кон целта стекнување статус на кандидат, отколку да се шпекулира за датуми.

Европската комисија, по вчерашниот налог од ЕУ за подготовка на мислење за македонската апликација, треба да состави прашалник со две до три илјади прашања, од чии одговори ќе се утврди дали Македонија ги задоволува неопходните критериуми.

Шефовите на дипломатии на ЕУ вчера во Брисел разговараа и околу ситуацијата на Косово, по што високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на унијата, Хавиер Солана, изјави дека е заклучено оти работата на УНМИК треба да се прилагодува на промените на стуацијата во покраината. Солана оцени дека цивилната администрација на Косово работи добро.