1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Патарина за патничките возила - да или не?

Повторно разгорена дебатата за евентуално воведување патарина за патничките возила во Германија

Патарината во Германија во моментов важи само за товарните возила

Патарината во Германија во моментов важи само за товарните возила

Владеачките партии во Германија, ЦДУ/ЦСУ и СПД, жестоко дебатираа околу можно воведување патарина во земјата и за патничките возила. Министерот за сообраќај, Волфганг Тифензе, е категорично против. Според него, патарина за патничките возила тоа би значело дека рагионалните патишта би биле преоптоварени затоа што дел од возачите ќе се обидат да го избегнат по секоја цена плаќањето на патарината. Политичари на партиите на унијата и на социјалдемократите претходно се изјаснија за изедначување на правилата во германија со оние во другите европски земји и за евентуално воведување годишна вињета.