1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ПАСОК го избира Венизелос за свој лидер

Грците, симпатизери на социјалистичката партија ПАСОК, започнаа со гласањето за нов лидер на партијата. Министерот за финансии Евангелос Венизелос е едниствен кандидат за лидерската позиција.

Педесет и пет годишниот Венизелос, кој беше поразен од Јоргос Папандреу на претходните избори за партиски лидер во 2007-мата, се очекува да биде избран за лидер на ПАСОК. Папандреу се повлече од позицијата шеф на партијата во јануари.

Низ Грција се поставени 1.074 гласачки кутии, а гласачките места ќе се затворат во 15 часот по средноевропско време. Весникот Катимерини пренесе извор близок до Венизелос, кој оцени дека гласањето на само 80.000 од 400.000 регистрирани партиски членови ќе биде силна потврда за неговиот капацитет. На гласањето можат да учествуваат партиски членови, но и симпатизери на ПАСОК.

На Венизелос се гледа како на најдобрата шанса партијата да се однесе до каква и да е победа на претстојните парламентарни избори, кои се очекува да се случат на крајот од април или на почетокот од мај. Но, Венизелос ќе има кратко време да го порави лошиот рејјтинг на партијата, кој на изборите во 2009-та освои 44 проценти од гласовите. Поради должничката криза, партијата ја загуби поддршката.

Анкета спроведена неодамна од дневниот весник Катимерини покажа дека ПАСОК се наоѓа на петото место со 11 проценти поддршка од грчкото население, што ја става партијата зад конзервативците, за кои се определиле 14 проценти од анкетираните. Истражувањето покажа дека кандидатот за нов лидер на ПАСОК има поддршка од 30 проценти од анкетираните. Сегашната поддршка за ПАСОК е најниска во историјата на прартијата – од нејзиното формирање во 1974-та до денес.

Се очекува в понеделник Венизелос да се сретне со премиерот Ликас Пападемос и претседателот Каролос Папуљас за формално да поднесе оставка на позицијата министер за финансии.

Автор: Александар Методијев/дпа/дв

Редактор: Симе Недевски