1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Паско Кузман пред истражен судија за „Фаланга 2“

Директорот на управата за заштита на културното наследство, Паско Кузман утринава бил приведен и изведен на распит кај истражен судија, потврдија извори од МВР.

Според извори од истрагата, Кузман е приведен во врска со акцијата „Фаланга 2" во која во мај беа уапсени 19 лица, меѓу кои и вработени во Управата за заштита на културното наследство, Музејот на Македонија, Музејот во Демир Капија, како и полициски службеник од Велес.

Истражен судија на десетмина од осомничените во полициската акција „Фаланга 2", им одреди триесетдневен притвор, а четворица беа пуштени да се бранат од слобода. Тие се товарат за кривичните дела злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба и овластување, тешка кражба и прикривање. Меѓу осомничените беа и двајца српски државјани, кои ги откупувале предметите и потоа ги продавале на црните пазари во западноевропските земји.

Stand Mazedonien - Frankfurt Buchmesse Foto: Aleksandra Trajkovska

Stand Mazedonien - Frankfurt Buchmesse

Акцијата „Фаланга 2" ги изнесе на виделина сомнежите дека македонското културно и историско благо го распродаваат токму оние кои се задолжени да го заштитуваат и чуваат. Четворица од осомничените се вработени во Управата за заштита на културно-историското наследство. Од нив, само на еден му беше одреден притвор од триесет дена, а другите тројца беа пуштени да се бранат од слобода. Токму притворениот е близок соработник на Паско Кузман, кој тогаш изјави дека не сака да го коментира овој настан.

Акцијата беше спроведена на територијата на Демир Капија, Свети Николе, Кавадарци и Скопје. По наредба на истражниот судија претреси беа извршени во вкупно 23 објекти, каде што беа пронајдени голем број предмети, меѓу кои, покрај бронза и керамика, има и неколку икони за кои постојат сомневања дека се украдени од македонските цркви.
„Фактот што во групата имало службени лица од Управата за заштита на културното наследство и од неколку музеи во Македонија зборува за тоа дека лицата што се занимавале со овие криминални активности биле лица што, условно речено, стручно ја познаваат оваа проблематика, што значи дека тие точно знаеле при ископувањето и откривањето на некои предмети дали пронајдениот предмет евентуално би постигнал висока цена на црниот пазар", изјави тогаш министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.