1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Партнерите на Меркел се‘ погласно бараат исфрлање на Грција од еврозоната

ЦСУ, помалиот коалиционен партнер во владата во Берлин, со се‘ погласни барања за излез на Грција од еврозоната. Тука ништо не промени ни посетата на грчкиот премиер Самарас на Германија.

„Според мое убедување неизбежно е излегување на Грција од еврозоната“, вели за „Билд ам Зонтаг“ генералниот секретар на Христијанско-социјалната унија (ЦСУ) Александер Добринт. Тој предвидува дека Грција нема да припаѓа на монетарната унија веќе во 2013. година. Пред околу една недела министерот за финансии на покраината Баварија, Маркус Зедер (ЦСУ) побара Грција да биде пример, односно на примерот на Грција еврозоната да покаже заби. „Германците веќе не можат да бидат мајстори на плаќање за Грција“, изјави Зедер.

Добринт додава дека откако Грција би излегла од еврозоната, таа мора да

Alexander Dobrindt

Александер Добринт, генерален секретар на ЦСУ

смета на европската солидарност, односно „мора да има Маршалов план за обнова на земјата“. „Кога Грција би ја зголемила својата конкурентност, мора да постои можност за нејзино враќање во еврозоната“, нагласува Добринт.

На ваквите изјави на Добринт остро се спротивставува либералот Гидо Вестервеле од ФДП, партијата која исто така е партнер во владината коалиција. Вестервеле остро ја критикува ЦСУ поради постојаните барања за излез на Грција од еврозоната. „Погрешно е да се носи оценка за Грција без доволно факти, односно пред да биде објавен извештајот на Тројката“, рече министерот за надворешни работи, додавајќи: „Мобингот против одделни евро-земји поради партискополитички калкулации мора да престане“. Инаку, партискиот колега на Вестервеле и министер за економија, Филип Реслер, неодамна рече дека излегувањето на Грција од еврозоната веќе не е работа која плаши.