Партија на Зелените | Теми | DW | 11.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Партија на Зелените

„Сојузот 90/Зелени“, германската партија на Зелените беше основана во западна Германија во 1980 година со стриктно еколошка и пацифистичка платформа. Оттогаш многу работи се сменија

Во најголем дел, гласачката база на Зелените се состои од урбани, добро образовани, добро платени граѓани. Пацифизмот како основен правец беше напуштен во 1999 година, кога тогашниот министер за надворешни работи од редот на Зелените, Јошка Фишер се согласи на учество на Германија во бомбардирањето на тогашна СР Југославија. Како дел од владата, Зелените успеаја да издејствуваат затворање на нуклеарни централи и да усвојат закони со кои се олеснуваат имиграцијата и истополовите бракови.

Покажи повеќе написи