1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Партијата на Шинаватра победи во Тајланд

Тајландскиот премиер, Абхесит Веѓаѓива, го призна поразот на денешните парламентарни избори во земјата. На чело на новата влада ќе застане сестрата на поранешниот премеир Таксин Шинаватра, протеран во 2006 година.

default

Гласачките кутии полни, но не со гласови за Веѓаѓива

„Резултатот е јасен - партијата Пеу Таи победи на изборите, демократите се поразени“, рече тој пред членовите и приврзаниците на партијата во седиштетот во Банкок.

На чело на новата влада во Тајланд ќе застане Јинглук Шинаватра, сестрата на поранешниот премиер Таксин Шинаватра, кој беше протеран со воен пуч во 2006 година. Тој оттогаш живее во егзил во Дубаи и оттаму раководи со партијата. Јинглук ќе биде првата жена-премиерка на Тајланд.

„Сакам во иднина да видам единство и помирување. Демократите се подготвени да заминат во опозиција“, рече Веѓаѓива.

Тој стана премиер во 2008 година, откако дотогашната влада беше суспендирана со судска одлука. Неговите политички соперници го нарекуваат „марионета на војската“, бидејќи неговата партија не победила на парламентарните избори во Тајланд веќе две децении.

Автор: ТТ/СН/афп

Редактор: Симе Недевски