1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Партијата на Саркисјан е победник на изборите во Ерменија

Јасен победник на вчера (06.05) одржаните парламентарни избори во Ерменија е Републиканската партија на Серж Саркисјан.

Владејачката партија на Серж Саркисјан, по пребројани три четвртини од гласовите, освои 44,41 проценти гласови. На втора позиција е партијата Просперитетна Ерменија на милионерот Гагик Зарукјан, со освоени 30,52% гласови. На трето место, со совоени 6,85 проценти од гласовите се најде партијата на поранешниот претседател на земјата и денешен шеф на опозицијата, Левон Тер-Петросјан.

Изборите за 131 пратеник во парламентот во Ерменија се третираат како тест за веродостојноста на демократските стремежи на земјата, поради тоа што претходните избори во 2008-ма година, беа засенети од крвави безредија, во кои маше десетмина загинати.

Организацијата за безбедност и соработка во Европа имаше свои набљудувачи на изборите и денеска треба да ја даде оценката за текот на гласањето. ОБСЕ нема регистрирано поголеми неправилности во текот на предизборната кампања.