1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Партијата на претседателот победи на изборите во Алжир

Владејачкиот социјалистички Фронт за национално ослободување (ФЛН) победи на завчерашните парламентарни избори во Алжир.

Според официјалните изборни резултати објавени од Централната изборна комисија, ФЛН освоил 220 места во 462-члениот Долен дом на алжирскиот Парламент, Народното национално собрание. На второто место е конзервативниот Национален демократски собир (РНД) со освоени 68 пратенички места, а на третото исламистичката коалиција Зелена алијанса 48 мандати.

Зелената алијанса, која ја сочинуваат Движењето на здружението за мир (ХАМАС), Исламското движење на отпорот (Енахда) и Движењето за национални реформи (Ислах),ги отфрли ваквите резултати тврдејќи дека изборите се лажирани и се закани со „превземање соодветни мерки“, без да прецизира на какви мерки мисли.

На завчерашните први парламентарни избори во Алжир по ланската „Арапска пролет“, учествуваа 24.916 кандидати од 44 партии. Одѕивот на изборите беше 42,9 отсто.

Новоизбраниот парламент ќе има задача да донесе измени на Уставот на Алжир.