1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Партијата на Македонците во Албанија ги засилува активностите

Партијата Македонска алијанса за европска интерграција, во Албанија се подготвува за конгрес и учество на локалните избори.

Македонците во Албанија ги засилуваат партиските активности. Партијата Македонска Алијанса за европска интеграција се подготвува да организира прв конгрес. Во таа насока деновиве во Пустец беше конституиран оппштински комитет за Мала Преспа, а истото наскоро треба да се направи и во областите Гора и Голо Брдо. Партијата најавува учество на локалните избори по кои очекува поголема интеграција на Македониците во институциите на систмеот во Албанија.