1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Партијата на Берлускони пред расцеп

Партијата „Народ на слободата“ на поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е пред расцеп. Пратеници и сенатори, предводени од Анџелино Алфано, во Рим најавија основање своја пратеничка група.

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони ја повика својата партија на единство пред планираното менување на името. „Апсолутно е неопходно умерените да останат обединети и да се борат заеднички“, напиша Берлускони во писмо до делегатите на Советот на партијата, кој денеска (16.11.) треба да донесе одлука - дали да се промени името на партијата од „Народ на слободата“, односно да се врати во „Форца Италија“.

Против менување на името во партијата има отпор. Вицепремиерот и министер за внатрешни работи Анџелино Алфано најави дека тој не се согласува со промена. Тој рече дека ќе биде основана нова група - Нова централна десница. Дел од групата, како што јави агенцијата Анса, треба да станат 56 парламентарци, односно 30 сенатори и 26 пратеници. Тие, за разлика од Берлускони, сакаат и натаму да и‘ останат верни на владата на Енрико Лета.

Откако 77-годишниот Берлускони беше осуден поради даночна измама, во неговата партија врие. Сенатот на 27 ноември треба да донесе одлука дали поради пресудата ќе му биде одземен сенаторскиот мандат. Поради ова, Берлускони повеќе пати се закани дека ќе ја напушти големата коалиција со демократската партија.