1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Партиски судири меѓу СДСМ и ВМРО - ДПМНЕ

Партиските насилнички инциденти од албанската средина се префрлија и во остриот ривалитет меѓу главните ривали СДСМ и ВМРО - ДПМНЕ. Во пресметката меѓу партиските подмладоци на двете партии било користено и оружје.

Скопје

Скопје

Поројниот дожд со град синоќа попречи неколку митинзи на отворено, оштети или откина многу плакати и портрети на партиските лидер облепени и каде може и каде што не смеат да бидат. За неколку минути останаа залудни трудовите на младите активисти, кои во ривалската битка да се залепат лидерските портрети веќе посегнаа и по оружје. И додека на еден агол се истакнуваа сликите на Никола Груевски, а се кинат на Владо Бучковски, на соседната ограда или зграда е обратно. Тој ривалитет предизвика жестока физичка прсметка на педесетина партиски активисти во Скопје, сред полноќ, при што беше употребено и оружје и за среќа без жртви. Во текот на вчерашниот ден, во два часот по полноќ полицијата привела шест лица. Опозицијата тврди дека инцидентот го предизвикале полициски инспсектори, партиски функционери, младинци од СДСМ

„Вие со ова ја ризикувате европската иднина на Македонија. Вие со ова не само што ги ризикувате животите на многу млади луѓе кои сакале да запелат изборни плакати. Наши симпатизери или активисти. Вие испраќајќи ги бандидите, криминалците, придружени со некои ваши функционери во текот на вчерашната ноќ, рафално пукајќи по нив доведовте нивните живот во опасност.“ се обрати Никола Груевскли лидерот на ВМРО ДПНЕ.

На ова ненадејно и остро дирекно обраќање до лидерот на СДСМ не одговори Владо Бучковски. Гласноговорникот на партискиот штаб на СДСМ, Дејан Мицковиќ рече „СДСМ бара во најкус можен рок, Министерството за внатерешни работи да го расветли целиот овој случај и она што е најзначајно, виновниците да бидат казнети. Не смееме да толерираме вакво однесување и СДСМ ќе бара целосно расветлување на случајот.“

И покрај усвоените ригорозни затворски казни за користење оружје и насилништво во текот на изборната кампања, МВР сеуште нема пријави. Или сторителите не се откриени, или моќните партиски функционери ги штитат сотиртелите.

Во првата недела од предизборите во Македониеја, не стивнуваат насилствата. Штотуку се запрени во албанскиот табор иако во Тетово и вчера имаше еден мал инцидент, сега партиските судири како да се преместуваат меѓу СДСМ и ВМРО ДПНЕ „Повторно ќе кажам дека политичките партии се тие кои што демократските стандарди ќе ги стават на повиско ниво, а со тоа ќе влијаат и на изборачите.“ реагираше Дарко Алексов од невладината МОСТ, во неодамнешното интервју за Дојче Веле.