1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми на денот

Партиски конгрес на германските зелени

Германските зелени се вооружаа со ново раководно дуо за изборите 2006-та – тоа се Клаудија Рот и Рајнхард Битикофер. На партискиот конгрес во Кил, министерот за надворешни работи, Јошка Фишер, повика на броба за победа на црвено-зелените на изборите во сојузот и покраините што следуваат.

Партиски конгрес во Кил

Партиски конгрес во Кил

Две години пред есента 2006-та, зелените ја отворија изборната борба за Бундестагот. Задржувањето на власта – тоа беше нишката што се протегаше на партискиот конгрес во Кил. Пробните тестови за тоа следуваат наредната година на покраинските избори во Шлезвиг Холштајн и Северна Рајна Вестфалија. Зелените сакаат да одат и добро персонално вооружени во изборната кампања. На првиот ден од конгресот тие ја донесоа назад на партискиот врв, Клаудија Рот.

”Денеска одиме на стартната позиција на една прилично долга трка – еколошко преструктуирање, социјално преструктуирање, демократизација на нашето општество, која мора да продолжи. Токму тоа се прашањата на изборитена Шлезвиг Холштајн на 20 февруари 2005-таи на 20 мај во Северна Рајна Вестфалија, како и на изборите во 2006-та.”

Голем број од говорницитена конгресот ги напднаа партиите на унијата ЦДУ и Цси, како и либералите и ги обвинија дека не ја реформираат социјалната држава, туку сакаат да ја укинат. Министерот за екологија, Јирген Тритин рече:

”Мислам дека е неправедно кога портирот кој работи кај мене во министерството плаќа во здравствените фондови исто како јас. Тоа значи дека неговиот придонесе станува двојно поголем, а мојот двојно помал. Каква врска има ова со социјална праведност?”

Поради протестите против реформите на пазарот на работна сила, и во црвено-зелениот камп се пледираше за праведност:

”Чекор по чекор кон граѓанско осигурување, чекор по чекор кон зелено основно осигурување – тоа е нашата цел и нашиот пат. И, оние кои имаат повеќе, можат и да дадат повеќе – богатите, наследниците, даночните грешници и топ менаџерите.."

Зелените бараат мали корекции на реформата на пазарот на работна сила и сакаат следната година да го проверат нивното дејство. Најважен елемент на меѓунарпдната безбедност, според шефот на зелените во сенка, министерот Јошка Фишер, е на Турција да и се даде перспектива за ЕУ:

”Тоа, за европската безбедност, е решение на иднината – дали ќе се успее на исламот, кој е голема култура злоупотребувана од терористите, да му се даде трајна поврзница со демократијата, правната држава, модерна пазарна економија и силно цивилно општество, со права за жените, права за малцинствата и верска слобода. Тоа е решението и тврдам дека госпоѓа Меркел размислува погрешно и на пат е да направи историска грешка.”