1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Партиските лидери се потпишаа за фер избори

Партиските лидери денеска го потпишаа Кодексот на однесување за слободни и фер избори, но речиси сите опозициски лидери стравуваат дека ова потпишување ќе остане само на хартија

default

Ветувања за фер изборна кампања од политичките партии во Македонија

Сите ветија дека партијата од која доаѓаат ќе се однесува согласно напишаното во Кодексот, но изразија сомнеж за однесувањето на другите политички партии.

Претседателот на владејачката ВМРО – ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски по потпишувањето на Кодексот не даде изјава за медиумите. Лидерот на најголемата опозициска партија, СДСМ Бранко Црвенкоски потпишувањето на ваквиот Кодекс од страна на Груевски го оцени како врв на лицемерието.

„Сведоци бевме на еден скандал којшто беше поткрепен со аргументи за груба злоупотреба на вработените во државната администрација кои се користат со закани, заплашувања, притисоци се со цел да се натераат луѓето да гласаат за владејачката партија. Тоа го нема никаде не само во историјата на Македонија, туку никаде во Европа, можеби во Белорусија, но за такво нешто не сме слушнале. Се’ додека не се разоткријат виновниците се додека не се понесе одговорност ќе стои една голема дамка на претстојните парламентарни избори“, изјави Бранко Црвенковски.

Wahlen Mazedonien

Никола Груевски

Ништо без туторството на странците

„Овој кодекс претставува повеќе морален чин за нас како претседатели на партии, учесници во изборниот процес. Она што се случува на терен и она што се случува пред македонската јавност е сосема друга слика“ рече Марјан Додовски од ВМРО- Народна партија.

Имер Селмани од Нова демократија изјави дека гарантира дека нивните активисти ќе направат се, изборите да бидат фер и демократски. „Апелирам до сите граѓани масовни да излезат и да гласаат. Да не остават никаков простор, нивниот глас да се манипулира и се злоупотребува“ рече Имер Селмани од НД.

За Либерално-демократската партија потпишувањето на Кодексот е тажен факт за Македонија.

„Во Македонија и по 20 години независност ни се потребни странци за да ги седнат политичките лидери и да потпишат кодекс. Овој тажен факт е непогрешлив индикатор дека за жал нашето општество стои во место, нивото на политичка култура и демократска зрелост е се уште ниско и, за жал, се’ уште ни се потребни тутори. Токму овој тажен факт треба да ги мотивира граѓаните и ова 20 годишно стоење во место на 5 јуни да го казнат и политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ коишто се најодговорни за ова стоење во место да бидат казнети на изборите“, рече Јован Манасиевски од ЛДП.

Wahlen in Mazedonien Kandidaten

Имер Селмани

Теоријата да се реализира и во пракса

И Амди Бајрам од Сојузот на Ромите изрази надеж дека во Македонија ќе има

коректни и фер избори.

„Знаете дека секогаш се случуваат проблеми кај Ромите. Сите ромски политички партии сме во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, само една е отидена во коалиција со СДСМ. Мислам дека и тоа ќе биде средено“, рече Амди Бајрам.

Од Националниот демократски институт, организација која ја спроведува кампањата за донесување Кодексот, велат дека политичките партии по овој потпис треба да обезбедат фер и демократски избори.

„Има одредени перцепции дека овие избори нема да бидат фер и слободни. Но утринава се случи една реалност. Сите поканети политички лидери дојдоа и го дадоа својот потпис. Реалноста е позитивна. Сега политичките партии треба таа перцепција дека изборите нема да бидат фер и демократски да ја претворат во позитивна реалност односно да обезбедат изборите да бидат фер“ рече Крис Хеншоу од НДИ. Кампањата е финансирана од УСАИД.

Автор: БГ/СН/макфакс

Редактор: Борис Георгиевски