1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Партиските лидери не се договорија за уставни измени

Лидерите на најголемите македонски политички партии и на денешната втора средба не постигнаа договор за измена на Уставот во делот на Судскиот совет, но се договорија да одржат уште една средба кон крајот на април.

default

Лидерска средба (архива)

За владеачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ неприфатливи се предлозите на Нова демократија и на ДУИ, законите за култура и лични документи и донесувањето на државниот буџет да биде преку двојно гласање. Договорено е кон крајот на месецот повторно да се оствари лидерска средба на која ќе се знае дали ќе се направат измени во Уставот или не. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски рече дека доколку не се прифатливи сите предлози нема да има отворање на Уставот.

Автор: БГ/АТ/макфакс

Редактор: Александра Трајковска

DW.COM