1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Партиите се главен извор на корупција во Македонија

Потребно е почитување на законите, но и капацитет на институциите, за регуларно финансирање на политичките партии и изборните кампањи. Експертите се согласни дека партиите се главен извор на корупција

default

На денешната дебата „Финансирање на политичките партии“ во организација на Државната комисијата за спречување на корупција, беше констатирано дека е потребна практична, а не само декларативна заложба со цел оневозможување на корупцијата преку финансирањето на партиите од сомнителни извори. Првиот анти-корупционер, Илми Селами ги повика партиите, покрај за теснопартискиот, да покажат интерес и за општиот интерес.

„Многу извори на средства се непознати, да не речам нелегални заради тоа што ако ги погледнете извештаите на политичките партии во предизборните кампањи ќе заклучите дека станува збор за неколку донации од физички лица и многу ретко правни лица, кои не можат ни одблизу да ја отсликаат реалната слика за финансиското работење на политичките партии“, изјави Селами.

Според Сашо Клековски од Македонскиот Центар за меѓународна соработка во земјата не се применуваат европските правила, симпатизерите и членството редовно да донираат средства за финансирање на кампањите.

„Граѓаните треба да ги финансираат политичките партии, бидејќи тоа е клучната врска. Но поради ограничените можности на граѓаните, мислам дека на преоден рок, за наредните десетина години, можеби треба да се размисли за зголемување на финансирањето од буџетот на Република Македонија“, предложи Клековски.

Административците им плаќаат „арач“ на партиите

„Станува јасно дека поврзувањето на помали со поголеми политички партии и со медиуми е заобиколување на недостатокот кој се јавува меѓу потребата за финансирање и можностите за финансирање“, вели Клековски.

Според него, забележана е тенденција партиските функционери и вработените во администрацијата кои се примени по партиски клуч да имаат обврска дел од своите приходи да ги внесуваат во партиските каси.

Saso Klekovski

Сашо Клековски

За експертот за финансиски криминал Миодраг Лабовиќ, тоа е спротивно на законските и етичките норми.

„Сите политички субјекти се согласни дека треба да има избори. Тоа е така затоа што влијание имаат и некои подлабоки фактори, како што е поданичката политичка култура и менталитетот на нашиот народ. Трета опција, на пример, не може да дојде до израз затоа што медиумски не е претставена, а граѓаните не знаат што таа опција нуди“, вели Лабовиќ.

Антикорупциската комисија ги повика партиите да ги отворат своите архиви за изворите на финансирање на последните два изборни циклуси во 2009 година, затоа што државните финансиски органи од 2009 година воопшто не извршиле контрола врз донациите и средствата за кампањите.

Автор: Александар Чомовски/макфакс

Редактор: Борис Георгиевски